Author: Marija Todorovska
Во периодот од 1 часот по полноќ, заклучно со 9 часот утрово во морскиот дел меѓу грчките острови Санторини и Аморгос беа регистрирани 22 земјотреси со јачина од над четири степени, согласно достапните податоци од Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина.
Хрватската интернет платформа „Ало, инспекторе“ за утре најави еднодневен генерален бојкот на продавниците и услугите во државата, трет од започнувањето на таа акција поради високите цени и еднонеделен бојкот на „Конзум“ од сабота, 8 февруари.
Вчера во 50 држави во САД демонстрантите изглегоа на улиците во знак на протест на политиките на администрацијата на Трамп и Проектот 2025, контраверзниот список на желби на конзерватиците.
Русија денеска соопшти дека разменила 150 воени заробеници со Украина за исто толку руски затвореници и ова останува една од ретките теми на кои двете земји во војна успеваат да соработуваат.
Планот на американскиот претседател Доналд Трамп за окупација на Појасот Газа и раселување на неговото население е „незаконски и целосно апсурден“, изјави денеска специјалната известителката на ОН за палестинските територии Франческа Албанезе.
В недела на 9 февруари во Косово се одржуваат парламентарни избори. Право на глас имаат вкупно 2 милиони 75 илјади 868 гласачи.
Уставниот суд донесе одлука за поништување на Законот за солидарен данок. Тоа значи дека државата ќе треба да врати околу 49,2 милиони евра на 156 компании.
Предлогот на Трамп за „преземање“ на Газа и претворање во „ривиера на Блискиот Исток“ со исселување на Палестинците кои живеат таму, освен брзата огорчена реакција кај демократите наиде и на некои скептични гласови во самата Републиканска партија на Доналд Трамп, над кои тој има цврста контрола.
Тргнува првиот воз од Скопје за Куманово. Ќе се патува 41 минута, а возот ќе сообраќа двапати дневно.
Температурата на Северниот Пол во неделата, 2 февруари, се искачи за повеќе од 20 степени Целзиусови над просекот за овој период од годината, достигнувајќи -1 степен, што е праг за топење на мразот, соопшти Службата за климатски промени на ЕУ „Коперникус”.
Еврокомесарката за проширување Марта Кос ги повика српските власти да ги истражат инцидентите против учесниците на протестите во таа земја, кои веќе трет месец протестираат барајќи одговорност за страдањата на 15 лица по падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, пренесоа српските медиуми.
