Author: Marija Todorovska
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против едно физичко лице, поранешен директор на Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Северна Македонија, за сторени кривични дела примање поткуп, фалсификување службена исправа, проневера во службата и несовесно работење во службата, како и едно физичко лице во својство на сопственик и управител на правен субјект од Скопје за сторено кривично дело давање поткуп.
По изнесените забелешки во јавноста во врска со претходните судски случаи на обвинетиот за сообраќајката на „Партизанска“ Васил Јованов, каде животот го загуби 22-годишната Фросина Кулакова, денеска, претседателот на Судскиот совет Александар Камбовски, посочи дека комисија на Судскиот совет веќе ги разгледува списите и ќе постапи по сите забелешки на јавноста.
Стокхолм: Француската компанија за луксузни производи „Луј Витон“ е казнета со пет милиони круни (околу 440.000 евра) во Шведска, откако клиент во неколку наврати плаќал големи суми во готовина во продавница во Стокхолм, кршејќи ги одредбите од Законот за перење пари, се вели во пресудата на Управниот суд.
Пишувањето на Проектот 2025 беше огромен потфат, поддржан со буџет од 22 милиони американски долари од Херитиџ. Тоа вклучува стратегии за имплементација на политики, како што е создавање на база на податоци на конзервативни лојалисти за пополнување владини позиции и програма за обука на тие нови работници.
Мадрид: Владата на Шпанија, во договор со синдикатите, но без поддршка на најголемите здруженија на работодавците, одобри намалување работната недела од 40 часа на 37,5 часа без да се намалат платите.
Реакција од најбројниот и репрезентативен сидникат во затворите – Независен синдикат на затворска полиција и администрација до директорот Александар Пандов во врска со нападите упатени кон нив и нивните колеги.
Финансиската полиција утрово го привела ексдиректорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата (СОЗР) Пеце Мирчевски, објавија повеќе медиуми.
Основното јавно обвинителство Скопје заедно со Управата за финансиска полиција врши претреси на локации во Скопје за обезбедување докази за кривични дела проневера во службата и несовесно работење во Службата за општи и заеднички работи – СОЗР.
Полициска акција се спроведува во моментов во врска со работењето на Одделот за општи и заеднички работи во Министерството за внатрешни работи.
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го става персоналот во Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) низ светот на „административно отсуство“, освен оние кои се сметаат за неопходни, јавија американските медиуми.
Во близина на метро станицата Клемансо во Брисел беше регоистрирано пукање што предфизвика и хаосна линиите на метрото и трамвајот во главниот град на Белгија.
Гренел: УСАИД „непромислено“ трошел пари во Западен Балкан, речиси 300 милиони на Северна Македонија
Ричард Гренел, пратеникот на американскиот претседател за специјални мисии, изјави дека „милијарди долари се дадени на левичарски невладини организации“ за спроведување на политиките во други земји, пренесува Анадолија.
