Author: Marija Todorovska

Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда ML2.7. е регистриран изутринава во 9 часот и 18 минути во епицентралното подрачје Штип – Радовиш на 70 километри југоисточно од Скопје, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Read More

Американската Национална воздухопловно-вселенска администрација – НАСА се подготвува да го лансира своjoт нов астрономски „крик на технологијата“ – вселенскиот телескоп „Сферекс“ (SPHEREx).

Read More

Серија земјотреси, но со јачина помала од пет степени и во текот на ноќта беа регистрирани во морскиот дел во близина на Санторини, каде што од саботата е зголемена сеизмичката активност и преземени се вонредни мерки и препораки, а процените се дека грчкиот остров веќе го напуштиле над 5.000 лица.

Read More

Белград:  Здружението „Еко Стража“ од Србија покрена петиција за затворање на Инстаграм-профилот на пејачката Јелена Карлеуша „поради говор на омраза, расизам, ксенофобија, таргетирање поединци и генерално штетно однесување“, а веќе се потпишани 307,219 лица.

Read More

Со изведување на видео материјали од безбедносни камери за движењето на возилото  Цитроен на денот на грабнувањето на Вања Ѓорчевска во Дебар Маало, а потоа и заедно со возилото Рено Кангу како се движат низ Визбегово кон селото Бразда каде е запален и потоа како се враќа само реното Кангу назад, низ Чаир кон седиштето на партијата Десна, денеска во Основниот кривичен суд Скопје продолжи судењето за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

Read More

Министерот за правда Игор Филков денеска информира дека донел одлука да ја разреши од членство во работната група за измени на Кривичниот законик судиката која која му судела на возачот што ја прегази Фросина Кулакова, со цел како што рече, да не се дискредитира процесот што е започнат за суштинските реформи во правосудството, со кои нема да се дозволи неказнивост и недопирливост.

Read More

Венко Филипче: Научивме многу сериозна лекција од коалицирањето со ДУИ, многу работи кои ни се удрија во глава. Дистанцата е нешто што природно дојде и на кај членството и како чувство во врска во таква коалиција која не беше принципиелна. Што научивме од оваа коалиција? Ќе формираме само принципиелни коалиции, само коалиции базирани на взаемно почитување и споделување исти вредности и политики. Линк

Read More

Вишото јавно обвинителство во Нови Сад соопшти дека Специјалното одделение за сузбивање на корупцијата на тој суд покренало истрага за корупција во врска со реконструкцијата на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад, пренесува Н1.

Read More

Во текот на ноќта засега непознати сторители опожариле автомобил на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје. Интензивно се преземаат дејствија за откривање на сторителите и се обезбедуваат сите докази на терен, соопшти Јавното обвинителство.

Read More

 Сиднеј: Обилните дождови предизвикаа сериозни поплави во австралиската сојузна држава Квинсленд, при што најпогоден е регионот помеѓу Таунсвил и Кернс во североисточниот дел на земјата, јави ДПА.

Read More

Бранимир Јовановиќ: Синдикалната кошничка не ја правам ниту јас, ниту Драган Тевдовски, ниту Никола Поповски, туку, како што самото име кажува, ја прави синдикатот. А јас лично немам апсолутно никаква врска со тоа како таа се пресметува, ниту сум бил дел од некаква група која ја правела методологијата, ниту некој некогаш побарал мислење од мене за тоа. Ова само покажува колку премиерот нема врска со реалноста. Линк

Read More