Author: Marija Todorovska
Собранието на Адвокатската комора на Србија (АКС) денеска со мнозинство гласови изгласа запирање на работата на триесет дена, потврди адвокатот Владимир Терзиќ за Бета.
Правда за Фросина мора да има и случајот на Фросина на никој друг да не му се повтори, порача денеска Росица Кулакова, сестрата на прегазената девојка на протестот во Кавадарци. Побара одговорност и од таткото на возачот и од судијката Даниела Алексовска-Стојановска.
Вчера беше објавена фотографија на која се гледа Васил Јованов, притворен во затворот Шутка, како користи мобилен телефон.
Венко Филипче: Обидот да се етикетира гневот на народот дека опозицијата ги организира протестите е навреда на луѓето што протестираат, власта покажува целосно отсуство на емпатија кон сопствениот народ и наместо да бара решенија ја сведува јавната болка на политички пазар. „Гледам како провладини профили водат наратив дека опозицијата ги организира протестите. Со ова не само што ги навредуваат луѓето што протестираат, туку и покажуваат целосно отсуство на емпатија кон сопствениот народ. Наместо да преземат одговорност и да бараат решенија, тие повторно бегаат од вистинските проблеми и ја сведуваат јавната болка на политички пазар.
Струга: Четиригодишно дете утрово починало на Детското одделение во Струшката болница, соопшти денеска СВР Охрид.
Радмила Шекеринска: НИКОГАШ за НИКОГО не сум се јавила за да побарам ваква ургенција и затоа бев шокирана кога видов дека некој почнал да шири вакви обвинувања за мене без НИКАКВА причина, ниту доказ. Неточни се, но и нелогични бидејќи во годината во која биле носени тие судски одлуки, јас не сум имала никаква функција ниту позиција на моќ од која би можела да вршам такво влијание. За жал, очигледно е дека некои структури можат да продуцираат и најнелогични и целосно исконструирани лаги – доволно им е да имаат интерес и наредбодавател. Линк
Откако владејачката Српска напредна странка (СНС) објави соопштение во кое го осудува известувањето на Радио телевизија на Србија (РТС) во попладневните вести – професионално изработен прилог за студентските демонстрации беше емитуван и на главната информативна емисија – Дневник во 19: 30 часот, јави Бета.
Американскиот претседател Доналд Трамп неделава ги повтори своите закани дека ќе воведе царини за увозот на стоки од Европската Унија во САД, најави кои предизвикаат вознемиреност во ЕУ, иако европските лидери се обидуваат да манифестираат смиреност и подготвеност за разговори и компромиси за надминување на разликите. Американскиот претседател Доналд Трамп неделава ги повтори своите закани дека ќе воведе царини за увозот на стоки од Европската Унија во САД, најави кои предизвикаат вознемиреност во ЕУ, иако европските лидери се обидуваат да манифестираат смиреност и подготвеност за разговори и компромиси за надминување на разликите. Трамп во петокот од Белата куќа порача дека…
Вашингтон: Претседателот на САД, Доналд Трамп, синоќа потпиша указ за воведување царини за стоките увезени од Канада, Мексико и Кина. За увозот од соседите Канада и Мексико царините се 25 отсто, додека за увозот од Кина тарифата е 10 отсто. За увозот на енергенси од Канада, тарифата е пониска, односно 10 отсто.
Денеска со почеток во 17:00 часот, ќе се одржи протест на булевар Партизански Одреди, кај Универзална сала, во знак на револт и барање за промени во системот кој ги засега децата и младите, како и безбедноста во градовите.
Автомобил удри двајца лекари во српскиот град Нови Сад за време на протест во поддршка на студентите, објави на Инстаграм група која ги поддржува младинските акции.
Основниот кривичен суд Скопје, ја објави пресудата за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, против обвинетиот Васил Јованов од Скопје, кој, исто така, е осомничен за сообраќајната несреќа во која завчера животот го загуби 22-годишната Фросина Кулакова.
