Author: Marija Todorovska
Граѓанската иницијатива „Алтернатива Црна Гора“ денеска повика на бојкот на супермаркетите и продавниците низ целата држава. Организаторите порачаа дека бојкотот не е поврзан со политика, туку е протест против високите цени, кои ги погодуваат сите граѓани.
Проценките се дека околу 12 милиони долари би се скратиле средствата на невладините организации во земјава и на сите оние кои работеле проекти поддржани од администрацијата на САД по одлуката на новиот американски претседател за замрзнување на програмите за помош во странство.
Протестот почна со три минутен молк за трите девојки кои досега биле прегазени на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.
Мерка притвор во траење од 30 дена му е одредена на 20-годишниот Васил Јованов кој во средата вечерта на булеварот „Партизански одреди“ удри со автомобил во 22-годишната Фросина Кулакова, која почина на самото место.
Од високи функционери на американското Федерално истражно биро (ФБИ) е побарано да поднесат оставка или да се повлечат од нивните челни позиции во Бирото или ќе се соочат со отказ, изјавија три неименувани добро информирани извори за Си-Би-Ес.
Во 13 часот граѓаните се собраа на булеварот Партизански Одреди каде се случи сообраќајката во која животот го загуби 22-годишната Фросина Кулакова.
Студентите од Белград кои тргнаа пеш кон Нови Сад, се со цел да ги поддржат своите колеги и да ги блокираат трите моста во чест на три месеци од несреќата на железничката станица, ноќта ја поминаа во Инџија.
Братислава: Неколку универзитети во Словачка добиле закани за бомби, по што се преземени неопходни мерки во соработка со полицијата, јавија локалните медиуми.
Македонскиот народен театар го одбележува 80-тиот јубилеен роденден. Од МНТ наведуваат дека нивната приказна која се раскажува и трае веќе осум децении започна да се ткае веднаш по ослободувањето во ноември 1944 година од страна на група истакнати театарски дејци, да се прикажува во декември истата година преку пет едночинки и да се испишува со почетокот на 1945 година: на 3 јануари со вработувањето на 60-те актери и технички, административен и сценски персонал и на 3 април со кревањето на завесата – премиерата на претставата „Платон Кречет“ од Александар Корнејчук, во режија на Димитар Ќостаров, а во превод на Блаже…
Парното поскапува за 5,03 проценти, информира на денешната прес-конференција на претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски.
Верувам дека факултетите како и секогаш ќе им излезат во пресрет на студентите. Министерството е тука да посредува, како што и секогаш тоа го правело, затоа што овде МОН нема ингеренции, изјави министерката Весна Јаневска во врска со реакцијата на Универзитетското студентско собрание (УСС) на УКИМ на зголемените трошоци при упис на семестар на некои факултети и нивното барање да имаат средба со министерката.
