Author: Marija Todorovska
Во Хрватска на повик на платформата „Ало, инспекторе“ од вчера се одвива најавениот неделен бојкот на трговските синџири „Лидл“, „Еуроспин“ и „ДМ“ и три производи – Кока-Кола и други газирани пијалоци, флаширана вода и детергенти за миење садови.
Мирен собир е закажан за денеска во 15 часот во Неготино, во чест на младата модна дизајнерка Фросина Кулакова која беше прегазена во Скопје во средата пред полноќ.
Трговскиот синџир „Конзум“ во Хрватска најави намалување на цените на 250 домашни производи кои не се опфатени со владината одлука за ограничување на цените.
Со 66 гласови „за“ и 8 „против“, Собранието денеска го донесе Законот за изменување на Законот за инспекциски надзор по скратена постапка. Според измените, инспекторатите ќе продолжат да работат како дел од министерствата, без сопствени буџетски сметки и без можност за самостојно спроведување на јавни набавки и вработувања.
Американската технолошка корпорација Мета се согласи да плати 25 милиони долари во судска спогодба за да ја реши тужбата на Доналд Трамп за укинувањето на неговите профили на платформите на социјалните медиуми на Мета по нападот на Капитол на 6 јануари 2021 година.
Во нашиот, и онака фрагилен образовен систем, во кој наизменично ‘стратешки‘ му се додава и одзема, на кој како ќе му текне зависно од актуелната политичка ориентација, во која децата едвај се снаоѓаат и развиваат отпор кон восприемање на знаење, најмалку што ни требаше е да ги отстраниме науките кои го хранат умот и духот.
Србија како доминантна сила на Балканот може да се опише со неволност за соочување со минатото, хегемонизам и хармонија со руските воинствени стратегии.
Ова е време кога треба да бидеме будни и да бараме отчетност од оние кои ја управуваат нашата држава. Задолжувањето од Унгарија е опасен договор кој ја става Македонија во подредена позиција и создава долгорочни штети за сите нас.
Јавното Обвинителство определи мерка притвор од осум дена за хиругот М. С. (64), вработен и на раководна позиција во ЈЗУ Клиничка болница-Битола.
Најмалку 30 тела се извлечени од реката Потомак во близина на Вашингтон по несреќата во која патнички авион се судри со воен хеликоптер, јавија локалните медиуми.
ЕУ го намали целиот руски увоз на јаглен, најголемиот дел од увозот на руска нафта и над две третини од увозот на руски гас во ЕУ, изјави портпаролот на Комисијата претходно во јануари. ЕУ има за цел да ги елиминира сите руски фосилни горива од својот пазар до 2027 година.
Балканот е особено ранлив поради историските врски со Русија, етничките и политичките поделби, како и постојаната нестабилност во некои земји. Во последните години, руските медиуми и нивните поддржувачи активно шират наративи кои го поткопуваат евроатлантскиот пат на одредени земји, ја поттикнуваат недовербата во Западот и ја засилуваат проруската пропаганда.
