Author: Marija Todorovska

Студентите на белградските факултети во блокадата околу 10:30 часот започнаа пешачење од Белград до Нови Сад со цел да им дадат поддршка на своите колеги од Нови Сад во блокирањето на сите три моста во тој град, по повод три месеци од трагедијата кај железничката станица во Нови Сад во која загинаа 15 лица, пишува Н1.

Read More

Хрватските граѓани се повикуваат воопшто да не трошат в петок, а планирано е бојкотот да опфати платежни трансакции, угостителски услуги, сместување, превоз и достава.

Read More

Ана Чупеска: Тешка катастрофа е инкриминирани лица да бидат советници на премиерот, тоа значи уште поголемо влијание од сегашното на Груевски. Ние имавме многу прилики да видиме, да слушнеме од бомбите што тие луѓе правеа, така што, си продолжуваат по старите режимски навики. Најмалку им е место во владата на вакви луѓе, што ќе советуваат, како се прави државен удар? Стварно е толку невкусно тоа што еманира порака према јавноста дека неказнивоста е можна. Да си влезете во Собрание, да ги претепате народните пратеници и никому ништо. Линк

Read More

Инспекторатите ќе продолжат да работат во рамки на министерствата и нема да имаат сопствен буџет. Тие не ќе можат самостојно да спроведуваат јавни набавки, вработувања или да одлучуваат за правата на вработените. Ова е предвидено со Предлог-законот за изменување на Законот за инспекциски надзор, кој ќе се донесе по скратена постапка во Собранието.

Read More

Хрватската потрошувачка платформа „Ало, инспектор“ која започна бојкот на продавниците, ги повика граѓаните од денеска да не купуваат одредени производи и да бојкотираат одредени трговски ланци во период од седум дена.

Read More

Ванчо Узунов: Моделот со кој што оваа Влада мисли да ја движи економијата се гледа, го кажала но и во пракса се гледа, се сведува на тоа ќе ги менуваме законите. Најлесно за политичарите е менување на законите, најди два правника, ќе ти напишат некои промени таму, членчиња ќе ти сменат, собрание имаш мнозинство, готово помина, Службен весник излезе и реформата е завршена. Не е проблемот во менување на законите, туку проблемот е во спроведување на законите. Линк

Read More

Арбен Таравари: Мицкоски беше против Коридорот 8 и Преспанскиот договор, но ги прифати, ќе ги прифати и уставните измени, но бара гаранции.

Read More

Дваесет и двегодишна девојка го загуби животот откако синоќа во неа на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје удрил автомобил „пежо“ управуван од 20-годишно лице. По несреќата извршен е увид, возачот е задржан, а се издаваат наредби за обезбедување снимки од видео надзор на локацијата.

Read More