Author: Marija Todorovska
„Magis utile nil est artibus his quae nil utilitatis habent“
Денеска во 10 часот започна 24-часовната блокада на Автокоманда, најголемата раскрсница во Белград. Блокадата засега се одвива без инциденти и во позитивна атмосфера со различни спортски и општествени активности, пренесува Н1.
Mузичарот Костадин Коце Икононов, гитарист на култните македонски групи „Безимени“ , „Бис-Без“ и „Мањифико“ и долгогодишен член на Ревискиот оркестар на МРТ, почина вчера во Скопје по кусо боледување на 78-годишна возраст.
Црногорската невладина организација Институт алтернатива, по успешната акција во Хрватска, ги повика граѓаните на 31 јануари да ги бојкотираат супермаркетите и продавниците.
Флертот на Маск со авторитаризмот не е уникатен ни сега, ни во минатото. Повеќето богаташи биле и се рамо до рамо со авторитарните режими и диктатури во светот. Но глобалното влијание што го има Маск ги прават неговите постапки уникатно опасни.
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче на денешната прес-конференција разобличи голем скандал поврзан со случајот за биолошката терапија на Клиниката за Онкологија, од страна на власта и вистината излезе на виделина.
Кога го замислуваме Сончевиот Систем, имаме предвид „правилно“ распоредени планети и кружни орбити во речиси „совршен“ и „рамен“ диск околу Сонцето. Сепак, според науката, овој планетарен систем е далеку од рамен. Важи за доста „искривен“, се наведува, со бројни ексцентричности и отстапувања.
Невозможно е четворица обвинети, кои еднаш го признаа кривичното дело, а потоа го повлекоа, досега во текот на оваа постапка да немаат ниту едно прашање да постават или да приговараат на било каков доказ. Тоа ни укажува дека во конкретниот случај можеби тие се заложници во овој кривично правен настан или дека веќе можеби преговарале за исходот на оваа постапка, а се од причина единствено првообвинетиот Љупчо Палевски да биде лицето кое го извршило ова кривично дело, изјави бранителот на Палевски, адвокатот Маријан Витановски.
Обвинителството има преземено доволно дејствија, сите наводи на обвинетиот Љупчо Палевски Палчо се неосновани, изјави јавната обвинителка Жаклина Крстевска.
Во Македонскиот народен театар во Скопје (МНТ) вечер ќе се одржи Свечена Светосавска академија, во организација на Српскиот културен центар, по повод Свети Сава – националниот празник на српската заедница во Република Северна Македонија.
На почетокот на церемонијата, Анджеј Дуда, полскиот претседател, положи венец на Ѕидот на смртта, во придружба на поранешни затвореници. Илјадници затвореници беа стрелани пред овој ѕид од страна на нацистичките СС војници.
Србите се борат за демократија, граѓаните на Хрватска и Босна за подобар животен стандард, а ние – ние се бориме за Трамп! Нам во Македонија сè ни е арно. Демократијата ни тече во млазеви, не можеме да ја скротиме. Економскиот стандард ни е мед и млеко. Радувајте се! Во Македонија имаме новогодишна кошничка, па ќе имаме велигденска.
