Author: Marija Todorovska
Првообвинетиот за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Љупчо Палевски Палчо, на почетокот на денешното рочиште, побара изземање на јавната обвинителка Жаклина Крстевска и целото ОЈО Скопје во случајот поради несоодветно спроведена истрага.
Денеска во 10:00 часот започна 24-часовната блокада на Автокоманда една од најголемите сообраќајни јазли во Белград, пренесува Н1.
Причина за пожарот во хотелот во турскиот ски-центар, во кој починаа 78 лица, е грешка на персоналот
Пожарот во хотелот „Гранд Картал“ во турскиот скијачки центар во Карталкаја, во општина Бол, во кој загинаа 78 лица, е предизвикан од грешка во кујната на хотелот, ги објавија денеска турските медиуми резултатите од истрагата.
ВМРО- ДПМНЕ како една од најбогатите партии, водена од едни од најбогатите политичари ништо од тоа сега не гледа, никаква борба за лекови, за воздух, за преживување, за живот, немаат појма за вистинското македонско прашање.
На 27 јануари 1945 година, Советската армија го ослободила Аушвиц и ги спасила преостанатите преживеани. Бројот на жртви во Аушвиц се проценува на околу 1.1 милиони луѓе, повеќето од кои биле Евреи.
Илјадници граѓани на сите возрасти, масовно протестираа во центарот на Атина поради железничката несреќа кај Темпи во февруари 2023 година, барајќи правда за 57-те жртви, откако во јавноста излегоа нови информации од истрагата на техничкиот советник, ангажиран од семејствата на загинатите, а по завршувањето имаше и инциденти.
Јужнокорејските обвинители денеска официјално покренаа обвинение против суспендираниот претседател на земјата Јун Сук-Јол поради краткотрајното воведување воена состојба во декември минатата година, јави јужнокорејска новинска агенција.
Одлуката на американската влада да ги замрзне повеќето програми за меѓународна помош доведе до откажување на летовите за повеќе од 40.000 Авганистанци на кои им беа одобрени специјални визи за САД и сега се изложени на ризик од одмазда од талибанците, јавија светските агенции, повикувајќи се на адвокат и американски официјален претставник.
Папата Франциск денеска изјави дека Католичката црква е подготвена да прифати заеднички датум за Велигден со сите христијански цркви, со цел сите цркви, вклучително и православните, протестантските и други, да го слават Велигден во ист ден, а со тоа да се зајакне единството меѓу верниците.
Белфаст: Повеќе од 100.000 потрошувачи се уште се без струја во Северна Ирска по бурата Еовин, објави денеска Блумберг.
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во петокот спроведе вонредни контроли во угостителските објекти и објектите за малопродажба во зимските туристички центри.
Вчера од страна на полициски службеници од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, Одделот за криминалистичка полиција и СВР Битола извршен е претрес на дом и помошни простории на полицискиот службеник Б.Б. во Битола, поради основи на сомнение за сторено кривично дело „оддавање службена тајна“, по член 360 од КЗ.
