Author: Marija Todorovska
Лос Анџелес: Бројот на жртви во пожарите во Лос Анџелес се искачи на 28, соопштија денеска локалните власти.
Софија: Голем број дојави има за поставени бомби во училишта во повеќе градови во Бугарија, јавија бугарските медиуми. Дојавите се испратени по мејл и на телефонот за реакција на итни случаи (112), изјавија од МВР на Бугарија.
Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) на денешната прес конференција презентираше детали за бројот на примени и разгледани жалби во 2024 година и утврдените прекршувања на Кодексот на новинарите при известувањето.
Американскиот претседател Доналд Трамп ја паузираше американската надворешна развојна помош на 90 дена и нареди преглед на програмите за помош за да се осигура дека тие се усогласени со надворешната политика на Вашингтон, според извршната наредба објавена од Белата куќа на 20 јануари кога Трамп потпиша бројни декрети откако положи заклетва како 47-ми претседател на САД.
Бројот на загинати во пожарот во хотелот во турскиот ски-центар се искачи на 66, соопшти министерот за внатрешни работи Али Јерликаја.
Додека нашиот премиер се обидува да го заборавиме ловот на недолжна и заштитена мечка од страна на својот локален финкционер, за да не му побара оставка, во Загреб вицепремиер мораше да поднесе оставка веднаш по објавување на видео снимка за неговото стрелање со пиштол од отворен прозорец од автомобил во движење. По се друго Балкан си е Балкан, и во Макдонија и во Хрватска.
Вивисекција на апсурдот Никола Т. Калајџиски Се заколна пред две библии. Се заколна на етика и морал. Со неподнослива леснотија го стори тоа. Во прво лице еднина. Избербати се’ живо и мртво. Прогласи воена состојба. Признава само еден маж и една жена, а со Вилиџ пипл се журкаташе. Се закани дека ќе избрка милиони мигранти. Со декрет и ‘ја врати слободата на “заробената” нација. Стопати новоизбраниот кажа јас па јас. Светот молчеше и гледаше сеир додека обесправените исчезнуваа во маглата на апсурдот. Неговиот избран народ во еуфорија аплаудираше на новиот владетел претворен во зомби пипл. Мартин Лутер се превртуваше во…
Дритон Зенику: Идеите на претседателот Доналд Трамп беа прифатени и поддржани од американскиот електорат и електори. Тоа е платформа фокусирана на внатрешните работи на Америка и делумно на меѓународната сцена. Во својата прва изјава како претседател, Трамп зборуваше за традиционалните семејни вредности, американското економско зајакнување, мартовските планови и малку за меѓународните односи. Северна Македонија, Балканот и другите земји во светот не треба да очекуваат многу од новата американска администрација. Од искуството од првиот мандат на Доналд Трамп, добро за светот ќе биде гаснењето на конфликтите и спречувањето на нови конфликти низ светот. Приоритет на Трамп е семејството, благосостојбата на американскиот…
Се спроведуваат обемни зафати за санација и реставрација на Куќата на Робевци во Охрид, еден од најзначајните и најпрезезентативни објекти од старата градска архитектура.
Дехран Муратов: Речиси пола Влада се истопори во Вашингтон на инаугурацијата на Доналд Трамп. И сета таа ескурзија ја нарекоа „работна посета во САД“. Нема официјален податок кој е на списокот на „работната посета“, но според фотографиите што ги гледаме и пред сè кога самите се фалат дека „сите патишта водат во Вашингтон“ може да се заклучи дека дел од македонската владина елита е во залет да се покажат дека се поголеми Америкаци од Американците. Линк
Атина: Грчка државјанка службеник во Обединетите нации, надлежна за управување со фондови на организацијата, обвинета е дека за седум години проневерила над еден милион долари, објавија грчките медиуми.
Просечната исплатена нето плата во ноември изнесувала 41.999 денари, што е зголемување за 9,5 проценти во однос на ноември, објави денеска Државниот завод за статистика.
