Author: Marija Todorovska
Ученик од шесто одделение од прилепското основно училиште „Гоце Делчев“ во Прилеп вчера попладне паднал од трети кат и се здобил со тешки повреди. По укажаната прва помош, префрлен е на Детската хирургија во Скопје.
Редакциите во голем број светски медиуми оценија дека Трамп во своите говори, кои очигледно беа надвор од сценариото на неговите настапи, искажа најмалку 20 лаги. Зборуваше за иднината врз основа на непроверливи ставови. Истури лавина од изрази со кои целосно ја омаловажи администрацијата на неговиот претходник, претседателот Џо Бајден и потпретседателката Камала Харис. А сето тоа го поткрепи со потпишување извршни наредби со кои анулираше дури 78 политики, односно законски мерки на поранешниот претседател.
Постои опасност хотелот во турскиот ски-центар Карталкаја во областа Болу, каде што рано изутрината избувна голем пожар, да се урне во секој момент, пренесе турската телевизија Си-Ен-Ен-Турк, повикувајќи се на предупредување од полицајци.
Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во јануари се зголемени за 391 денар во однос на декември. Во делот на храната и пијалоците се бележи зголемување од 123 денари, покажуваат податоците на Сојузот на синдикати на Македонија кој денеска на прес-конференција ги објави најновите податоци за Синдикалната минимална кошничка и за тоа дали новогодишната кошничка ги дала посакуваните ефекти.
Нашиот премиер, и министерот за надворешни, не ја следеа инаугурацијата во друштво на светски лидери, и видни личности, туку заедно со најтврдокорните поддржувачи на Tрамп.
За време на говорот на прославата на претседателската инаугурација на Доналд Трамп, Илон Маск направи гестикулации слични на нацистичкиот поздрав.
Пациенти на Клиниката за радиотерапија и онкологија останаа без биолошка терапија. Како што информираат за МИА дел од нив, во моментов нема биолошка терапија, односно лековите „atezolizumab (tecentriq)“, „bevacizumab (avastin)“, „palbociclib“, „ribociclib“, „fulvestrant“ и „cetuximab“. Тие стравуваат дека за брзо време може да ги снема и „trastuzumab emtansine (kadcyla)“, „nivolumab“, „cobimetinib“ и „vemurafenib“.
Кавадарци: Момче на возраст од 24 години синоќа било пронајдено починато во када во куќа во кавадаречкото село Марена, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
Анкара: Пожар избувна денеска во хотел во популарен турски ски-центар во централната провинцијата Болу, при што загинаа 10 лица, а 32 беа повредени, соопшти министерот за внатрешни работи.
Засолништата за мигранти во Тихуана – лоцирани преку границата од Сан Диего, Калифорнија – се подготвуваат за можен пораст на приливот на мигранти доколку американскиот претседател Доналд Трамп го спроведе својот план за масовна депортација.
Шефот на Центарот за борба против дезинформации при Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, Андриј Коваленко, преку објава на Телеграм пријави напад врз фабриката за авиони во Смоленск, која е вклучена во производство и модернизација на руски воени авиони, вклучително и јуришни авиони Су-25., пренесува Укринформ.
ЕСМ Дистрибуција соопшти дека нивните екипи во раните утрински часови успешно ги завршија сите предвидени и, како што наведуваат, исклучително сложени активности за санирање и отстранување на дефектот на магистралниот вод А во општина Центар, што поминува преку булеварот Кочо Рацин, на потегот помеѓу Веро Центар и Олимписки базен.
