Author: Marija Todorovska

РЕК Битола денеска целосно излезе од електричната мрежа и не произведува струја. Според информациите од ЕСМ, првично се појавил проблем со вториот блок, а кратко потоа истиот проблем го погодил и првиот. Причините за оваа ситуација се уште се истражуваат. Се очекува дека процесот на повторно вклучување на ТЕ Битола 1 ќе започне во текот на денот, а потоа ќе следи и активирање на ТЕ Битола 3, која не беше во функција последните неколку дена според производствените планови. Пред околу две недели, директорот Петрушевски објави дека успеале да го вклучат и третиот блок, но само по неколку дена, тој бил…

Read More

„Закана број еден сега е Турција бидејќи нејзините воздушни напади ги убиваат нашите сили“, рече генералот Абди. „Овие напади мора да престанат, бидејќи тие нè одвлекуваат од фокусирање на безбедноста на центрите за притвор“, рече тој, „иако секогаш ќе даваме се од себе“.

Read More

МВР поднесе кривична пријава против полицискиот службеник Б.Ј. од граничниот премин „Долно Блаце“ во врска со преминувањето на Артан Груби на државната граница. Тој, според МВР, не извршил адекватни проверки на патничкото возило „мерцедес“ со конзуларни регистарски ознаки со кое се превезувал Груби и не го евидентирал за остварување излез од државата. Патниците од предметното возило, А.П. со дипломатска патна исправа како возач и А.Г. со македонска патна исправа како совозач, полицискиот службеник Б.Ј. ги завел дека пешки ја поминале границата. Исто така, при граничната проверка  не почекал системот  да утврди дали за лицата има активна мерка, туку веднаш им…

Read More

Адвокатот на Александар Ѓорчевски, денеска, по завршувањето на судското рочиште во Основниот кривичен суд за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, на кое се изведуваа материјални докази, рече дека се потврдило неговото тврдење дека немало никаква комуникација помеѓу таткото на Вања и првоосомничениот Љупчо Палевски.

Read More

 Бранителот на Артан Груби, адвокатот Владимир Доневски, во соопштение до медиумите информира дека, по утврдување на она со кое досега судот располага и анализа на аргументите на јавното обвинителство, според нив нема основи на сомневање на сторено кривично дело предвидено со закон.

Read More

 Во Основниот кривичен суд денеска со изведување на материјални докази продолжи судењето за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски. На рочиштето, обвинителката Жаклина Трајковска во кратка содржина образложи 180 од вкупно 197 докази пред Судот кои се однесуваат на локациите каде биле најдени жртвите, наодите од увидите на истражните органи, најдените траги, обдукциските наоди, како и извештаи од психијатриските вештачења.

Read More

По 40 години се враќа „Бушава азбука“ со новогодишна песна „Бушава Нова година“ дел од новата анимирана серија „Буквождер“. Втора „Бушава азбука“ (2БА) е продукција, Види Вака раскажувачко студио и Георги М. Унковски во копродукција, кои денеска соопштија дека ја објавуваат новогодишна песна „Бушава Нова година“, со која го најавуваат враќањето на образовно-забавниот бренд „Бушава азбука“.

Read More

Бранко Тричковски: Кај десетина потресени, претресени и приведени граѓани, полицијата откри 2,35 грама марихуана, три семки од канабис и една кафена лажичка прашкаста материја за перење на шарени алишта на температура до 60 степени. Од овие феноменални резултати јас заклучив дека наркоманијата во Македонија е искоренета поуспешно од маларијата и туберлулозата. Браво, бе,Тошковски. Цело Скопје го свртев не можам еден џоинт да свиткам. Морам да се дрогирам со “чист” воздух.

Read More

Владата го повлече од собраниска процедура Предлог на закон за средното образование, второ читање. Ова го соопшти претседателката на собраниската Комисија за образование, наука и спорт Иванка Василевска на денешната седница, на која присуствува и министерката за образование и наука Весна Јаневска. Пратениците на Европскиот фронт изразија задоволство од одлуката на Владата и побараа еден час пауза за координација.

Read More

Кои и какви се всушност неговите вистински мотиви е прашање на кое, кога одговор ниту побара ниту доби уредникот на МТВ, оваа една реченица нема да го добие ич

Read More

Деветнаесет годишниот напаѓач во основното училиште „Пречко“ во Загреб кој уби едно дете, а неколкумина рани со нож бил ученик во тоа училиште и моментално живее во близина на училиштето, изјави попладнево хрватскиот министер за внатрешни работи Давор Божиновиќ.

Read More