Author: Marija Todorovska
Поради официјалната посета на делегација предводена од претседателот на Големото национално собрание на Република Турција од сабота до понеделник во Скопје ќе има посебен режим на сообраќај.
Во ноември годинава, на годишно ниво, вкупните депозити забележале раст од 11,0%, а вкупните кредити од 9,7%, соопшти Народна банка.
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков информира дека во 2025 година ќе биде објавен конкурсот од Македонската радио-телевизија во врска со снимањето на филмот за Тоше Проески, а проектот треба да се реализира во рок од две години.
Украинската амбасадорка во земјава, Лариса Дир, на 1031 ден од целосната руска инвазија врз Украина, на Х објави дека Кијив беше цел на комбинирани ракетни удари со „Кинжали“ и „Искандери“. Таквите кремљовски „гулаби на мирот“ ја покажуваат подготвеноста на рф за мировни преговори.
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија најостро ги осудува денешните ракетни напади на руската армија врз Киев.
Од утре рано наутро ќе почне акцијата за санација на главниот цевковод во Скопје. На терен на предвидените локации ќе работат Секторите ЕОК, Механизација и Водовод. Се очекува оваа операција да заврши за помалку од 15 часа, во кои најмногу време се одвојува за празнење и полнење на магистралниот водовод, соопшти денеска ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во октомври годинава, изнесувала 42 134 денари, и во однос на октомври лани е повисока за 8.5 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.
Едно дете загина утрово во напад извршен најверојатно од 15 – годишник во училиште во Загреб.
– Во основниот суд Куманово поради службен пат на обвинителот, денеска беше одложено судењето против 36-годишната Вангелица Илијевска, која во јуни годинава ги уби сопругот и свекорот во домот во Кратово.
Министерството за внатрешни работи ги потсетува граѓаните дека краен рок да ги заменат регистарските таблички со нови кои имаат ознака НМК или на истите да залепат налепница НМК е до 31.12.2024
Ученик од основно училиште во Загреб утрово со нож повредил наставничка и неколку деца, јавија хрватските медиуми.
Киријакос Мицотакис: Пред мене на состанокот на ЕПП г. Христијан Мицкоски го искористи името предвидено со Договорот од Преспа, односно Северна Македонија кое има обврска да го користа ерга омнес. Верното спроведување на договорот е единствениот начин да се отвори европскиот пат на соседната земја. Линк
