Author: Marija Todorovska

Грчкиот премиер, Киријакос Мицотакис, изјави по завршувањето на Самитот на ЕПП во Брисел дека „верното спроведување на Договорот од Преспа е единствениот начин да се отвори европскиот пат на соседната земја“, нагласувајќи дека Северна Македонија има обврска да го користи името „Северна Македонија“ како што е предвидено во договорот.

Read More

Скопје:  Во галеријата на Македонскиот културно-информативен центар во Софија денеска ќе се одржи настанот „Чествување на великаните Гане Тодоровски и Петре М. Андреевски“ со проф. д-р Кристина Николовска.

Read More

Барателите на азил во нашата земја се соочуваат со голем број на предизвици кои значително го отежнуваат нивниот престој во нашата држава. Еден од клучните предизвици е тоа што тие не можат да пристапат до пазарот на труд и да засноваат работен однос во текот на нивната постапка за признавање на право на азил. Неможејќи самостојно да си обезбедат средства за егзистенција но и финансиска стабилност за нив и за нивните семејства, тие често одлучуваат да ја напуштат нашата држава.

Read More

Куманово: Бесплатниот автобуски превоз во Куманово ќе продолжи и во првите шест месеци од 2025 година, одлучи Советот на Општината на последната седница. Кумановци ќе можат бесплатно да се возат на 26 линии на јавниот автобуски превоз, кој како и досега ќе го субвенционира локалната самоуправа. Како што информираше градоначалникот Максим Димитриевски, новитет годинава е барањето на превозниците цената за изминат километар да се зголеми. Општината и превозниците се договориле да се зголеми  за десет денари. Куманово ќе одвојува 50, наместо досегашните, 40 денари по изминат километар на превозниците. – Куманово за среќа е еден од ретките градови каде има…

Read More

Њујорк: Компанијата „Гамето“ (Gameto) со седиште во Њујорк, САД, го објави раѓањето на првото бебе во светот зачнато со помош на новата технологија наречена „Фертило“ (Fertilo). Новороденчето дојде на свет во клиниката „Санта Изабел“ во Лима, Перу, и тоа претставува значителен напредок во лекувањето на неплодноста, елиминирајќи ја потребата од приближно 80 отсто од хормонските инјекции коишто се потребни за оплодување со вообичаената метода „Ин-витро“. – Воодушевени сме што можеме да го прославиме првото раѓање на бебе зачнато со „Фертило“. Со надминување на главните предизвици на конвенционалното „Ин-витро“, како што се долгите циклуси на третман, значителни несакани последици и емоционален…

Read More

Само од јануари до октомври годинава, општините на пејачи и на други забавувачи потрошиле 961 илјада евра. До крајот на 2024 година, се очекува дека сумата ќе надмине еден милион евра. Лани, за оваа намена се потрошени 1 милион и 11 илјади евра, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации за исплатите за трошоците на општините за забавни манифестации.

Read More

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски најави дека по иницијатива на премиерот Христијан Мицкоски, Министерството ќе одвои 95 милиони денари за снимањето на филмот за Тоше Проески. Министерот вечли дека ова е еден од најзначајните проекти кој ќе го одбележи животот на најголемата современа македонска ѕвезда.

Read More

И ДПМНЕ и Мицкоски треба да не дремат во публиката туку да се симнат на теренот каде што имаат две силни алатки да се спротивстават на евентуални натамошни бугарски шовинистички уцени

Read More

Коалицијата за слобода на медиумите во Србија ги повика европските медиуми да дојдат во Србија и да известуваат за „борбата за слобода на српските граѓани од автократскиот режим на Александар Вучиќ“, пренесе Бета.

Read More