Author: Marija Todorovska
Кривична пријава против управителот и правното лице Балкан Марбле Индустриес за „даночно затајување“
Управата за финансиска полиција, до Oсновното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против Б.С. во својство на управител и против правното лице Балкан Марбле Индустриес ДООЕЛ Скопје, поради основано сомнение за сторени кривични дела , „даночно затајување“ од член 279 став 2 и став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, а во врска со член 45 од КЗ и пријавеното правно лице од Скопје го извршило кривичното дело „даночно затајување“ од член 279 став 4 во врска со став 1, а во врска со член 45 од КЗ.
Македонските градови веќе се новогодишно украсени и спремни за Новата година и Божиќните празници.
Имаме долготрајна соработка со скопскиот аеродром, ни се допаѓа овој аеродром и многу сме задоволни со перформансите. Има одредени ограничување во однос на инфраструктурата на аеродромот, знаете дека има ограничување на бројот на поаѓања на час. Но аеродромот веќе вложува во нова опрема, особено кога станува збор за безбедност, на пример скенерите се стари и има само две ленти, но тие инвестираат во нови скенери и се надеваме дека ќе бидат во употреба следното лето.
ДУИ планира да го блокира новото законско решение за средно образование поради одредбата која предвидува интонирање на македонската химна на почетокот и крајот на учебната година, за време на патронски празници и други училишни прослави. Корадинаторот на пратеничката група на Европскиот фронт, Беџети, вели дека немаат други забелешки освен оваа и дека подготвуваат амандмани. Според нив, власта со законот наметнува моноетнички решенија и го нарушува меѓуетничкиот соживот.
Интонирањето на химната во училиштата, употребата на албанскиот јазик, вработувањата во здравствените установи на лицата што работат со договор на дело, се дел од прашањата на опозициските пратеници од Европскиот фронт на собраниската седницата за опозициски пратенички прашања. Во фокусот на пратениците од СДСМ, пак, беа економските прашања.
Светски организации кои во своите програми се залагаат за универзалните човекови права денеска, 18 декември го одбележуваат Меѓународниот ден на мигрантите. Годинешната тема на Денот на мигрантите „Почитување на придонесите на мигрантите и почитување на нивните права“ е избрана за да се подигне свеста за прашањето на експлоатација и да се истакне позитивниот придонес на мигрантите во општеството.
„Денеска ќе бидам на самит во Брисел на тема Западен Балкан. Нашиот став таму воопшто не е променет. Тој е принципиелен. Тоа беше договорено со таканаречениот компромис од 2022 година. Природно е дека компромисот ние го направивме. Тој е потпишан од сите земји-членки на ЕУ. Не гледам причина да се прават какви било отстапки од тоа, изјави бугарскиот технички премиер Димитар Главчев на почетокот на денешната седница на бугарската влада.
Прекршување на кодексот за одговорно новинарство е секојдневие особено во онлајн-медиумите. Модерирањето на коментарите под вестите што ги објавуваат и бришење на навредливите и дискриминаторски тие треба да го сфатат како сериозна задача зашто медиумите стануваат платформа за натамошно ширење на говор на омраза, беше посочено на панел-дискусијата „Дискриминацијата и говорот на омраза во медиумите и јавната комуникација“ што денеска ја организираше Институтот за медиуми и аналитика ИМА.
Премиерот Христијан Мицкоски објави дека во Брисел имал средба со високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас.
МНР на Украина го поздравува усвојувањето на обновената резолуција „Состојбата со човековите права на привремено окупираните територии на Украина, вклучително Автономната Република Крим и градот Севастопол“, која беше усвоена од Генералното собрание на ОН со 81 глас „за“.
Поранешниот премиер, а сега пратеник во Собранието, Димитар Ковачевски денеска изјави дека во целото негово работење и како премиер и како заменик-министер за финансии, се водел согласно законите, откако МВР поднесе кривична пријава против осум лица, вклучително и против него, за „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Почесниот конзул на Косово во земјава, Арсим Папранику во моментот е на информативен разговор во полициската станица Карпош.
