Author: Marija Todorovska
Њујорк: Во САД употребата на дрога меѓу тинејџерите не е зголемена по падот забележан на почетокот на пандемијата „Ковид-19“, покажуваат резултатите од големата годишна студија. Околу две третини од ученици од четврта година средно оваа година изјавија дека не користеле алкохол, марихуана, цигари или електронски цигари во изминатите 30 дена. Тоа е најголемата регистрирана апстиненција од овие супстанции откако започна годишното мерење на навиките на американските тинејџери кога се во прашање алкохолот, дрогата и цигарите, јави ВОА.
Институтот за медиуми и аналитика ИМА организира панел – дискусија на тема: „Дискриминацијата и говорот на омраза во медиумите и јавната комуникација“, која ќе се одржи на 18 декември 2024 година (среда) во хотелот Лимак во Скопје, со почеток во 12 часот.
Бројот на изведени претстави во професионалните театри во 2023/2024 година е зголемен за 11,5 отсто во однос на претходната, 2022/2023 година, а зголемување за 3,1 отсто има и на бројот на посетители.
Основното јавно обвинителство Скопје информира дека за случајот со Државната лотарија постапува по поднесени кривични пријави и од Министерството за внатрешни работи и од Управата за финансиска полиција.
Женева: Директорката на Агенцијата на ОН за бегалци (УНХЦР) за Блискиот Исток, Рема Џамус Имејсис, денеска изјави дека организацијата очекува околу еден милион сириски бегалци да се вратат во земјата во првите шест месеци од 2025 година.
Секторот за борба против тероризам поднесе кривична пријава против четири лица до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Г.М. (21) од Гостивар е обвинет за создавање терористичка организација, додека Х.Б. (32) од Струга, Р.С. (38) и Т.М. (27) од Гостивар се обвинети за учество во истата организација.
Она што се случува во соседна Србија е еден доказ дека промената во појавноста донесува и нови формати кај етичноста. Младите на Балканот немаат веќе каде, некои велат можат „само да пукнат“ и тешко можат да го поднесат лицемерството на тешката корупција на властите.
Корупцијата ја поткопува безбедноста, а Обединетото Кралство ќе продолжи да го поддржува сето она што ја сузбива корупцијата не само во земјата, туку и во целиот регион, вели во интервју за МИА, британскиот специјален претставник за Западен Балкан, лорд Стјуарт Пич.
Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда ML3.0 и интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала е регистриран претпладнево во 11:41 часот на 36 километри северозападно од Скопје. Епицентарот на земјотресот е на територијата на Косово.
Полициски службеници од СВР Скопје вчера ги лишиле од слобода А.А.(27) и еден малолетник, двајцата од Скопје.
Изјавите од политичари на власта дека се отворени истраги за лица, кои се груба клевета потврдени со демант од обвинителството, го доведуваат под сомневање целиот спектакулрен полициски филм.
