Author: Marija Todorovska

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство, одреди мерки за претпазливост против четири лица опфатени со истрагата за „Државна лотарија на РСМ“. Лицата се осомничени за злоупотреба на службената положба и овластување.

Read More

Јована Тренчевска: Се прави политички прогон од страна на власта. Сè уште не се избришани сеќавањата и сликите кај сите граѓани во државата, како беше во времето на ВМРО-ДПМНЕ, кога беше на власт, каков политички прогон се правеше на лица, за дел од кои понатаму се покажа дека ЈО не ни собра доволно докази за да бидат обвинети. СДСМ јасно стои на Ставот дека секој кој прекршил закон треба да одговара, но институциите треба да делуваат непристрасно и врз основа на докази, а не под диктат на владејачките партии.

Read More

Белград: Репрезентативните синдикати на вработените во образованието во Србија одлучија вработените  да престанат со работа в петок, во знак на солидарност и поддршка на студентите во борбата за подобро и поправедно општество, се вели во соопштение, јавија српските медиуми.

Read More

Групацијата 4iG, преку својата подружница ОНЕ Македонија Телекомуникации, официјално достави писмо за намери до Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), каде го изразува својот интерес за обезбедување на достапни радиофреквенции како дел од планот за влез на телекомуникацискиот пазар како нов оператор во Северна Македонија.

Read More

Овој луксузен производ е од големо оптоварување на здравствениот систем. Според нашите статистики 45,4% од граѓаните се активни пушачи. Тоа е значително повеќе од регионот за Европа кој изнесува 25%. Според СЗО трошоците за цигари  изнесуваат 38 милијарди денари годишно што е црвен аларм за преземање итни мерки за намалување на оваа загуба.

Read More

Надлежен јавен обвинител до судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје ќе достави предлог за определување мерка притвор за поранешниот генерален директор на Државната лотарија и поранешен вицепремиер, двајцата осомничени во врска со истрагата за проневера во Државна лотарија. Како што информира Обвинителството, предлогот има за цел притворската мерка да започне да се спроведува веднаш по нивното пронаоѓање и лишување од слобода. Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело „проневера во службата“, а за уште четири лица…

Read More

Премиерот Ковачевски и вицепремиерот Груби се меѓу осумтемина лица за кои Министерството за внатрешни работи (МВР) бара кривична одговорност за наводен криминал вреден 8 милиони евра во Државната лотарија. Од Обвинителството информираат дека досега не се собрани доволно докази за отворање на истрага против Премиерот и поранешниот владиниот секретар. Сепак, Груби и неговиот поранешен соработник, екс-директорот на Лотаријата Перпарим Бајрами, не ја имале истата среќа. „Од собраните докази произлегува основано сомнение дека двајцата соизвршители, како одговорни лица во АД Друштво за приредување игри на среќа “Државна лотарија” на РСМ, во текот на 2023 година, преку своите посебни овластувања и должности,…

Read More

Државава има закони за тоа и дека изборите одамна минаа и дека ветувања крупни даваа и дека е доста со мачкање очи со гордости и идентитети туку ајде конечно стокмете една ЕУ реформа, барем една.

Read More

Земјотрес со јачина од 2,9 степени според Рихтеровата скала вечерва е почувувствуван во Пијанечко-Малешевскиот регион. Како што соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, земјотресот е регистриран вечерва во 19 часот и 45 минути, со епицентар 112 километри југоисточно од Скопје, во епицентралното подрачје Делчево-Берово, со Рихтерова локална магнитуда 2.9. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението на Пехчево, Берово и околината, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Read More

Берлин: На германскиот канцелар Олаф Шолц денеска во Бундестагот му е изгласана недоверба, откако минатата недела тој поднесе барање за гласање доверба на Владата во Парламентот.

Read More

Најважно е сите да сфатиме дека имаме малку време и дека го имаме чувството за итност. Со секој изминат ден на луѓето од Западниот Балкан ќе им биде потешко да веруваат дека, всушност, еден ден ќе го завршиме овој процес (на пристапување), порача Кошта. 

Read More