Author: Marija Todorovska
Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека поранешниот прв вицепремиер Артан Груби заедно со уште едно лице со дипломатско возило вчера ја напуштил земјава и заминал во Косово.
Петнасетгодишна девојка со скршеница на два слабински пршлена е на болничко лекување во Универзитетска клиника по хируршки болести „Св.Наум Охридски“ во Скопје поради повреди предизвикани од новиот предизвик „Супермен“ на социјалната мрежа „Тик ток“, потврди за МИА в. д. директорот на болницата д-р Небојша Настов.
Откриената терористичка група, ќелија на ИСИС, формирана од четири лица, а во која членувале и други засега непознати лица, планирала терористички акт на цивилни цели и јавни објекти, информира министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
Сплит: Сараево и Дубровник наскоро ќе бидат поврзани со велосипедска рута долга 350 километри, која ќе поминува низ најубавите предели на Босна и Херцеговина и јужна Хрватска.
Собранието попладнево на продолжение на 22. седница ги разреши од должноста членови на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) Андреј Тасев и Мерита Дема.
Скопје: Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од ноќеска на полноќ се зголемуваат за половина, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 за еден денар за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,53 отсто.
Седуммесечно бебе синоќа починало на интензивна нега на Детската клиника во Скопје.
Доналд Трамп утре, согласно американските закони, ќе биде именуван за претседател на САД.
Сузбиена е 18-члена организирана криминална група, која извршувала убиства, изнуди, а е поврзана и со палењето на автомобилите на вработени во затворската полиција, информираше на денешната прес-конференција, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, кој изнесе детали за предметот „Беланоца-Барон“, а за кој претходно детално информираше и Јавното обвинителство на Република Северна Македонија. Тошковски посочи дека во текот на вчерашниот ден, во вечерните часови спроведе координирана полициска акција, во која е сузбиена 18 члена организирана криминална група, составена од лица од Скопје, кои подолг временски период биле инволвирани во вршење на кривични дела од областа на сериозен насилен криминал и недозволена…
ЦИВИЛ најостро ја осудува полициската бруталност која се спроведува врз новинарите, демонстрантите, активистите и критичарите на власта во Грузија и упатува барање до меѓународните организации итно да реагираат и да извршат притисок врз грузиските власти да овозможат услови за непречена работа на новинарите и снимателите, да ги почитуваат човековите права и слободи и да обезбедат заштита на граѓанките и граѓаните и нивната слободата на изразувањето и правото на протест.
Двата биолошки лека кои недостигаа на Клиниката за онкологија од денеска ги има за пациентите, изјави министерот за здравство Арбен Таравари.
