Author: Marija Todorovska
Според извршниот директор на УЕФА за женски фудбал Надин Кеслер, „европскиот женски фудбал никогаш не бил на подобро место“, а националните тимови и клубовите напредуваат благодарение на огромните инвестиции, подобрувањето на системот на натпреварување и илјадниците нови можности за професионален ангажман.
Полицијата од изутрина врши претреси во домовите на поранешниот вицепремиер Артан Груби и порашениот директор на Лотарија, Прпарим Бајрами, а како што објавија дел од медиумите, претреси се вршат на повеќе локации во врска со криминал сторен во Државна лотарија.
Се уште постојат одредени пречки за овој случај комплетно да се реши, но и покрај тоа случајот е под контрола, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска одговарајќи на новинарско прашање дали стручните и социјалните служби работат со проблематичниот третоодделенец од ОУ „Лазо Ангеловски“ во Аеродром за кој беше одлучено до крајот на полугодието наставата да ја следи онлајн.
Во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжи судењето за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски со сведочење на вишиот инспектор Елвис Ибрахими и сведокот Тодорче Ѓорѓиевски од Единицата за економски и компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи, кои биле присутни при претресот на домот на обвинетиот Љупчо Палевски.
Струшката полиција поднела кривична пријава против Рамиз Мерко бидејќи во својство на градоначалник на општината во два наврата донел решение со кое А.О. од струшкото село Подгорци, од библиотекар го именувал за директор на основното училиште во истото село, иако не ги исполнувал потребните услови.
Со испитување на сведоци на предлог на обвинителството во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжи судењето за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.
Ученици од новосадската гимназија „Јован Јовановиќ Змај“ од утрово го блокираа влезот во училиштето, по синоќешен договор на пленум каде усвоија неколку барања, јавија српските медиуми.
Светската организација за човекови права Амнести интернешенел објави извештај со наслов „Дигитален затвор: Надзор и репресија на граѓанското општество во Србија“ кој открива како властите во Србија, преку Безбедносно информативната агенција (БИА) и полицијата, незаконски шпионирале мобилни телефони на активисти кои организирале протести, членови на невладини организации и независни новинари, пренесоа српските медиуми.
Поради масивниот број на смртни случаи предизвикани од тутун, голем број на здравствени истражувачи повикаа вејпингот да остане легален како алатка за откажување од цигари – но и да се направи сè што е можно да се спречат младите да почнат да пушат.
Секој човек има право да ги практикува своите верски убедувања без страв од насилство, омраза или дискриминација. Важно е да се разбереме дека верата е лична и интимна работа, и дека секој има право да го избере својот пат кон духовноста.
Белград: Со оглед на тоа што Владата не презеде соодветни мерки за зголемување на безбедноста во училиштата, членовите на Самостојниот синдикат на просветните работници на Србија (НСПРС) влегуваат во третата фаза од белиот штрајк – ќе заклучуваат оценки „Одличен 5“ на сите ученици на полугодие, соопшти синдикатот.
Според опозициските проценки преку намалување на ДДВ-то ќе се олесни финансискиот товар на семејствата до 2.000 денари месечно или околу 24.000 денари годишно. Од друга страна, Владата ја започна кампањата „Помалку трошоци, повеќе за тебе – Се грижиме“ која опфаќа над 800 прехранбени производи со намалени цени од најмалку 10 проценти.
