Author: Marija Todorovska
Измената на законот за заштита на децата ја помина собраниската процедура, а со тоа започнува процесот на полагање за лиценци за работа во установите за деца, информираат денеска од Министерство за социјална политика, демографија и млади.
ЦИВИЛ – Центар за слобода во соработка со МЕДИА ДИАЛОГ / Y4M ( Северна Рајна Вестфалија, Германија), вчера (12 декември 2024 год.) во Скопје одржаа меѓународна конференција на тема „Одбрана на демократијата и човековите права во услови на војна, национализам и авторитаризам“.
Три феминистички активистки денеска се приведени откако го оштетија споменикот пред комплексот Обединети нации во Женева во знак на протест поради војната на Русија против Украина и неуспехот на ОН да стави крај на конфликтот.
Брисел: Европската комисија во петокот објави дека ќе започне со испорака на речиси 100 тони здравствени материјали и други основни производи во Турција за натамошна дистрибуција во Сирија, јави ДПА.
Судскиот совет на Република Северна Македонија ги демантира наводите за извршен претрес во нивните простории, истакнувајќи дека постапиле по писмените барања на Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје. Советот нагласува дека не е издадена наредба за претрес и дека ќе продолжи да соработува со сите надлежни органи, водејќи се од начелата на независно, одговорно и транспарентно судство.
Сојузот на синдикати на Македонија потсетува дека до крајот на годината на работниците треба да им се исплати регрес за годишен одмор што е регулирано со Општиот колективен договор за јавниот сектор и со Општиот колективен договор за приватниот сектор.
Од една страна, зголемувањето на стапката на ДДВ е точно дека негативно влијае на животниот стандард на потрошувачите, бидејќи стоките и услугите поскапуваат за купувачите и тоа автоматски влијае на намалувањето на благосостојбата на граѓаните на земјата и нивните осиромашување. Но, доколку буџетските приходи не ја покриваат другата страна на државниот буџет, тогаш многу економски активности и други планирани проекти остануваат нереализирани или доколку се реализираат се зголемува буџетскиот дефицит, што не е здраво за економијата на државата
Цирих: Македонската фудбалска репрезентација денеска ги доби ривалите во квалификациската група за пласман на Светското првенство 2026 година кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.
Поранешниот белоруски новинар на Радио Либерти, Игор Карнеи, кој претходно беше осуден на 3 години во казнена колонија, е осуден на нови, дополнителни 8 месеци затвор од режимот на белорускиот диктатор Александр Лукашенко. Како што пренесува Радио Свобода, новото судење на новинарот Игор Карнеи, кој веќе отслужува казна во локалната казнена колонија, започна на 11 декември во Шклов. Карнеи беше обвинет по член 411 од Кривичниот законик („Злонамерна непослушност кон барањата на управата на воспитно-поправен дом“). Новинарот е осуден на 8 месеци затвор покрај претходната казна. На Карнеи му судеше Александар Тараканов. Во 2023 година, Карнеи беше осуден на 3 години…
Процесот на проширување е врвен приоритет на Европската Унија. Правиме напори да заврши процесот на реформи во Северна Македонија и што побргу да се постигне целта, земјата да стане членка на ЕУ, изјави денеска шефот на Делегацијата на ЕУ во земјава Михалис Рокас, одговорајќи на новинарско прашање, за време на неговата посета на Тетово.
Проекции се прават од сите страни, а клучно е дека постои свесност дека недостасуваат средства во Пензискиот фонд и дека е потребно да се изнајде решение за санирање на дупките во фондот, порача денеска Глигор Бишев, претседателот на Фискалниот совет.
