Author: Marija Todorovska
Албанија и Северна Македонија ќе бидат поврзани со нов граничен премин, што ќе го создаде изградбата на коридорот 8, чии работи продолжуваат од двете страни истовремено, објави албанската министерка за инфраструктура и енергетика, Белинда Балуку.
Законот за употреба на јазиците, како што и официјално е називот на овој правен акт, се состои од 25 члена. Со иницијативите се оспорува и самиот назив на законот бидејќи бил „непрецизен и создавал правна забуна“.
Во однос на условувањето од Бугарија, Парламентот е подготвен во секое време да го започне процесот на уставни измени што земјата ја држат во застој. Сепак, потребен е консензус и политичка волја процесот да продолжи напред во согласност со стандардите на ЕУ и тој да не биде попречен од билатералните прашања, изјави претседателот на Собранието Африм Гаши, на Седмата пленарна конференција на НКЕУ-МК. Оценува дека како држава сме во временски теснец и оти треба да бидеме премногу умешни да ја најдеме вистинската формула како да постапиме.
Приштина: Косовскиот премиер Албин Курти објави дека ќе се бори против семејното насилство „како никогаш досега“ со користење на електронски надзор, јавија косовските медиуми.
Во Србија продолжува блокадата на факултетите и досега според локални медиуми во блокада се речиси 40 високообразовни институции, а денеска за првпат блокада најавија и средношколци, јави Бета.
Рим: Мафијашките организации заработуваат 3,3 милијарди евра од туризмот во Италија, покажува истражувањето на институтот за испитување на јавното мислење Демоскопика. Извештајот е заснован на податоци од различни официјални и авторитетни извори, вклучително и националната статистичка агенција Истат и Банката на Италија, јавија италијанските медиоуми.
Брисел: Политико објави листа на најмоќните луѓе во Европа, на која има 28 имиња, а за најмоќна личност во Европа ја прогласи италијанската премиерка Џорџа Мелони. За помалку од една деценија, Мелони од ултранационалистичка лидерка беше избрана за премиер на Италија и се етаблира како личност со која Брисел, а сега и Вашингтон, можат да работат, наведува медиумот.
Уставниот суд денеска ја одржува 32-та седница на која меѓу точките на дневен ред се и иницијативите за оценување на уставноста и законитоста на Законот за употреба на јазиците во однос на Указот за негово прогласување, на Законот во целина, како и одделно сите 25 членови на законот. На седницата не присуствуваат судиите Осман Кадриу и Насер Ајдари.
Пред Уставниот суд, каде денеска се одржува седницата на која ќе се расправа по иницијативите за оценување на уставноста и законитоста на Законот за употреба на јазиците, се собираат членови и активности на Демократската унија за интеграција.
Виена: ОН објавија извештај во кој наведуваат дека трговијата со луѓе е во пораст поради конфликтите во светот, климатските промени и глобалните кризи.
Владата денеска на седница донесе неколку одлуки меѓу кои дека нема да растат платите на избраните и именуваните лица, судиите, членовите на Судскиот совет и јавните обвинители.
Атина: Отворање фабрики за вештачка интелигенција во седум земји од Европската Унија, односно во Шпанија, Италија, Финска, Луксембург, Шведска, Германија и Грција, соопшти ЕК, додека грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис коментираше дека тоа е „национален успех“ и „големо достигнување за земјата“, јави дописничката на МИА од Атина.
