Author: Marija Todorovska
Груби и Беџети се во друштво на Груевски, Мијалков, Самсоненко, Анѓушев, Јанева, Мерко… И ним ќе им се придружат и нови „колеги“, колку и да биле вокални во колнењето во својата прозападна ориентација. Сите тие, заедно со коморските „гуруа“ со кои го кроеја државниот буџет што го оштетуваа, беа гости и соговорници на западните, вклучително американската амбасада.
Кавадарци: Ќе се реставрира и става под заштита камената кула од втората половина на 17 век, најстарата сочувана градба во Кавадарци. Тогаш била најдоминантна во градот. Ова го потврди кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, одговарајќи на прашање од советникот во Советот на Општината, Горан Кузмановски.
Насер Зибери: Со соодветна и правична застапеност која ја отсликува реалната состојба на бројот на населението по етничка структура може да се пофали Собранието на Република Северна Македонија, неколку министерства, може да се пофалат неколку единици на локална самоуправа без оглед каде е доминантно македонското или албанското население, но има многу институции каде отстапуваат од ова правило и јас при објавување на минатогодишниот извештај ги цитирав и по име. Промена или подобрување нема и во моментов можам да ги спомнам. Македонската академија на науките и уметностите од 91 вработен, 90 се Македонци, само еден е Албанец и ниту еден од…
Амбасадата очекува дека оваа ситуација веќе добива несакани димензии и дека може да пламне во нешто друго.
Премиерот Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција потврди дека во тек е акција против организирана група од 23 лица, а меѓу нив е и поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски, но тој во моментов е надвор од државата и не е достапен за органите на прогнот. Лицата, како што претходно беше објавено според првичните информации се осомичени за криминал во врска со работењето на на електраните РЕК Битола, РЕК Осломеј и ТЕЦ Неготино, а Мицкоски истакна дека станува збор за криминал од околу 6,5 милиони евра.
Вокер Турк: Оваа година беше обележана со ужасен број на луѓе убиени и тешко повредени во конфликти, на и надвор од бојното поле. Цената на војната е толку висока. Човечката жртва е непроценлива. Државите треба да направат се што е во нивна моќ за да инсистираат таквите бесмислени конфликти и страдања да завршат. Светот мора да се оттргне од смртната спирала на милитаризираните пристапи кон безбедноста и да го најде патот назад кон посредување, дијалог, преговори и градење доверба. Линк
И покрај овие тешки предизвици, постои причина за надеж. Бранителите на човековите права, независните новинари и безброј обични луѓе продолжуваат да се борат за вистината и правдата, одбивајќи да бидат замолчени.
Скопје: СВР Скопје информира дека поради одржување на протест, денеска со почеток од 14.00 часот, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот кај крстосницата помеѓу бул.„Никола Карев“ и ул.„Прохор Пчињски“ во Скопје.
10 декември, Меѓународен ден на човековите права, како потсетник за важноста на еднаквоста, правдата и достоинството за сите луѓе ширум светот.
Се почести се претставките од ромската заедница и ромските граѓански организации за нееднаков пристап до добра и услуги по основ на етничка и расна припадност кои се однесуваат на условите во неформалните населби. Условите во кои живеат Ромите се мошне лоши, често под нивото на прокламираните стандарди на соодветно домување. Се работи за долгорочно населени населби со нејасен сопственички статус, надвор од урбаното планирање кои немаат основна инфраструктура, а услугите на државниот систем се тешко достапни. Голем е процентот на Ромите кои немаат документи за сопственост на нивното живеалиште. Повеќето, 95 отсто, живеат во градовите, но побројно се концентрирани во…
Постојаниот комитет на Бернската конвенција кој заседава секоја година во декември во Стразбур, Франција, минатата недела повторно го разгледуваше случајот за националниот парк Маврово и изградбата на хидроцентрали на неговата територија. Случајот за Маврово беше отворен во 2014 година и оттогаш Бернската конвенција будно го следи напредокот на Македонија во однос на дадените препораки за разрешување на овој случај.
