Author: Marija Todorovska
Париз: Советот за безбедност на Обединетите нации попладне по локално време зад затворени врати ќе одржи итен состанок за ситуацијата во Сирија, по паѓањето на режимот на претседателот Башар ал Асад, пишува францускиот весник „Фигаро“.
Американскиот претседател Џозеф Бајден синоќа истакна денеска дека сирискиот претседател Башар ал Асад „треба да сноси одговорност“ за своите постапки, како и дека САД ќе работат со своите партнери и заинтересирани страни во Сирија, помагајќи им да се справат со ризиците.
Пред Уставниот суд попладнево се собраа активисти на опозициската Демократска унија за интеграција, кои, како што најави партискиот функционер Арбер Адеми, ќе останат таму до 11 декември кога треба да се одржи седница за Законот за употреба на јазиците. Адеми рече дека со иницијативата „Стража на јазикот“ со деноноќно присуство пред Уставниот суд застануваат во „одбрана на Законот за јазици“.
Во Собранието на Република Северна Македонија денеска беше врачена државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2024 година чии лауреати се универзитетската професорка Маја Бојаџиевска, во областа на воспитанието и образованието, и писателот Милован Стефановски, сликарот Мирослав Масин и актерот Рефет Абази – во областа на културата и уметноста.
Владиниот авион со кој претседателката Гордана Сиљановска-Давкова требаше да лета за Париз на отварањето на реновираната катедрала Нотр Дам, се расипал на 3 декември. Со него патувал претседателот на Собранието Африм Гаши во Стокхолм, Шведска. За време на подготовката на авионот за лет кон Скопје и редовните активности и проверки на аеродромот во Стокхолм утврдена е неисправност на едниот од двата инструменти кои покажуваат температура на издувните гасови од моторите, објави порталот Сакам да кажам. – Според прописите на производителот, неисправноста на еден таков инструмент не дозволува летачка операција ниту стартување на моторите се до негова замена. Нов инструмент стигна…
Германскиот канцелар Олаф Шолц го нарече уривањето на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад „добра вест“ и повика на политичко решение за стабилизирање на Сирија.
Претседателот на Украина Володимир Зеленски денеска соопшти дека од почетокот на целосната инвазија од Русија загинале 43.000 украински војници, а 370.000 се ранети.
Поради влошената безбедносна ситуација во Сирија, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија ги повикува сите наши државјани кои се наоѓаат во оваа држава, да ја напуштат во прва можна прилика.
За помалку од шест месеци, претседателката на Северна Македонија, Гордана Силјановска Давкова два пати не оди во Париз на покана на претседателот на Франција, Емануел Макрон.
Дали неговите следбеници, кои и да се, ќе поверуваат во извештаите дека тој е руски проект и ќе прифатат откажување на гласањето? Или можеби ќе излезат од зад нивните компјутерски екрани и телефони за да протестираат?
