Author: Marija Todorovska

По повод патронот на Охрид – Свети Климент Охридски вечер во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе биде одржана свечена академија на која ќе бидат врачени највисоките општински признанија.

Read More

Прашањето за старосната граница за заминување во пензија треба сеопфатно да се разгледа. На лицата над 60 години дефинитивно треба да им се даде можност да бидат активни и да работат, но доколку се здрави и доколку така одлучат, а не задолжително, вели постојаната координаторка на Обединетите нации во земјава, Рита Колумбиа, во врска со неодамнешниот предлог на Фискалниот совет за зголемување на старосната граница за пензионирање на 67 години.

Read More

Во третата епизода на шорткастот „Што има ново?“ на ИМА, гостин е Џабир Дерала, истакнат новинар и активист за човекови права и претседател на организацијата ЦИВИЛ, која одбележува 25 години од формирањето, а е препознатлива по промовирање на мирот, човековите права, еднаквоста и мултикултурализмот, и бескомпромисната борба против меѓуетничката омраза и поделби, екстремизмот, насилството и дезинформациите, објави ИМА. За жал, во земјава овие вредности се постојано на удар, констатира водителот Петрит Сарачини на почетокот.

Read More

Скопје:  За време на државниот празник „Свети Климент Охридски“, утре и во понеделник на зонските паркиралишта со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг“, односно во зоните А, Б, Ц и Д, нема да се врши наплата.

Read More

Автобусите од јавниот превоз во понеделник поради државниот празник Св. Климент Охридски ќе сообраќаат по неделен возен ред, соопштуваат од Јавното сообраќајно претпријатие.

Read More

Зошто екс директорката на Филхармонијата, е изоставена од историскиот директорски список на колективот, чија е одлуката и кои се мотивите за неа?

Read More

Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека во јануари ќе почне трансферот на средствата од унгарскиот заем за компаниите. Иако очекувал тоа да се случи од почетокот на идната недела, сепак мора, како што рече, претходно да се завршат и испочитуваат одредени законски процедури.

Read More

Министерството за економија и труд денеска соопштува дека, согласно Законот за празниците на Република Македонија – „Службен весник на Република Македонија“, број 21/98 и 18/07, по повод празникот „Свети Климент Охридски“, 8 декември – недела, односно 9 декември – понеделник е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.

Read More

Официјализирана е постапката за зголемување на платите на здравствените работници, откако денеска беше  потпишан анекс на Колективниот договор за здравствена дејност со репрезентативниот Самостоен синдикат за здравство, фармација и социјална заштита.

Read More

До уставниот суд поднесени се 13 иницијативи за оцена на уставноста на целиот Закон за употреба на јазиците, како и за делови од законот. Иницијативите доаѓа од политички партии (ЛЕВИЦА и една од ВМРО ДПМНЕ додека беше во опозиција), граѓанскиот сектор и универзитетски професори се повикуваат на препораките на Венецијанската комисија за спроведување на Законот за употреба на јазиците.

Read More