Author: Marija Todorovska
Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска даде поддршка за барањата за апанажа на осум лица од поранешните состави на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен и на Државната комисија за одлучување во втор степен од областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка, на кои мандатите им беа прекинати откако двете комисии беа споени со законски измени на 17 септември годинава.
Реакција од Комисијата за спречување на дискриминација за измените на Законот за основно образование
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација изразува незадоволство од Предлог-законот за измени и дополнување на Законот за основно образование и вели дека со него не се исполнуваат целите за недискриминација.
Скопје: Основното јавно обвинителство Кавадарци до надлежниот суд поднело обвинение за обид за убиство во Кавадарци извршено во услови на битно намалена пресметливост.
Новогодишната кошничка ќе опфаќа повеќе од 600 производи и ќе трае од 15 декември до 15 јануари. Со неа се очекува намалување на цените на производите за 10 и повеќе проценти.
Корупцијата останува врвен проблем за граѓаните, но и главна пречка за пристапот до квалитетни и јавни услуги, евроинтеграцијата и општ развој на државата. Борбата против корупцијата бара соодветно следење и дополнителни ресурси – финансиски, технички и човечки, за да можат институциите ефективно да ги имплементираат контролните механизми. Корупцијата мора да се искорени за да се постигне одреден напредок, беа главните пораки на настанот во Собранието, што се одржа денеска по повод одбележување на Меѓународниот ден за борба против корупцијата – 9 Декември.
Христијане момче, храбро и гордо македонче, шта си се сакрио?! Излези, ќе те чувам секогаш при себе. Нашите верни патрони нема да дозволат ништо да ни се случи, а јас сум ти првата гаранција за тоа, истакнал Вучиќ.
Зоран Иванов: Родители бунџии, наставници, школски психолози и педагози, директорки и дирекроти, родителски совети, мајки и татковци на негови врсници, уште и на ТВ сте се иступориле. Не вие СРАМ!!
Европската унија се дави под евтините пакети кои доаѓаат од азиските онлајн трговци на мало, почнувајќи од ултра евтините електронски продавници AliExpress, Shein и Temu. „Фајненшл тајмс“ дознава дека ЕУ размислува за построги мерки против таквите увезени стоки поради загриженоста за безбедноста и фалсификувањето.
Загреб: Хрватската Влада денеска одлучи пред католички Божиќ на сите пензионери и корисници на државниот додаток за стари лица да им исплати еднократен додаток од 80 евра, за што ќе бидат осигурани околу 100 милиони евра, јави Хина. „Владата денеска е во позиција да донесе одлука за додаток во пресрет на Божик во висина од 80 евра за сите пензионери, над еден милион и 230.000 од нив.Сметаме дека ова е многу добро во моментов и дека на овој начин ќе испратиме порака на солидарност за која се грижи државата кон нашите сограѓани од трето доба“, рече премиерот Пленковиќ на почетокот…
Зголемувањето на цените на плинот во последните недели им врати лоши спомени на европските трговци со енергија и на владите. Се уште се свежи сеќавањата за проблемите што ги погодија енергетските пазари по руската инвазија на Украина во 2022 година.
Да ги следиме примерите на земјите од соседството. Ама најважно е да се има сенс! Но за жал, ова власт тоа го нема! Освен сенс за популизам!
Западните изданија денеска го коментираат падот на француската влада, откако вчера пратениците од опозицијата изгласаа недоверба и ја соборија од власт по само три месеци на власт.
