Author: Marija Todorovska
Вашингтон: Цената на биткоинот порасна и надмина 100.000 долари за првпат во историјата, достигнувајќи нова рекордна вредност.
Подгорица: Од 81 пратеник во Парламентот на Црна Гора, 28 од нив во ноември добиле над 2.000 евра, покажуваат последните податоци објавени на официјалната веб-страница на Собранието на Црна Гора, јавија црногорските медиуми.
УНИЦЕФ упати апел за собирање 9,9 милијарди долари за да обезбеди помош следната година за милиони млади луѓе погодени од војни и други кризи ширум светот.
Во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, утрово во 01.10 часот по претходно добиени оперативни информации и координација на СВР Куманово со Одделот за криминалистичка полиција при Бирото за јавна безбедност и СВР Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.А.(35) од Куманово.
Запазувањето авторски права и приходите ќе бидат драстично намалени.
Сега Стопанската ќе правела саем за работници па и прашањето и одговорот во оваа една реченица е чуму ви се сега саеми за работници кога овде работници нема.
По училишната приредба во ОУ „7 Март“, тетовско Челопек, каде учениците се облечени во униформи со амблеми на УЧК и парадираат со пушки во рацете, Меѓаши, првата детска амбасада, испрати реакција:
Хавана: Милиони луѓе во Куба останаа без електрична енергија кога денеска повторно не функционира системот на националната електрична мрежа, соопшти Министерството за енергетика и рударство.
Записникот од вонредниот надзор е готов, инспекторите утврдиле неправилности поради што одговорност ќе понесе една од наставничките која била организатор на приредбата, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска во врска надзорот што завчера во училиштето „7 Март“ во Челопек го извршил Државниот просветен инспекторат.
Бранко Тричковски: Додека Парламентот на Јужна Кореа се спрема да го разреши претседателот на државата, Парламентот на Северна Македонија се подготвува да го чуе првото обраќање на претседателката, со видлива непријатност и страв од очекуваната тортура од квазипрофесорското лигавење и неподносливиот солзотворен патос со кој од таканаречените национални интереси, првата жена ќе направи поплава во пленарната сала. Претседателката на Нашата земја нема потреба да прогласува вонредна состојба бидејки ние веќе сме во вонредна состојаба, но мачнината што ја предизвкува самата помисла на нејзиното обраќање, останува. Мало опуштање предизвикува љубопотството чива креација ќе носи. Но сите знаат дека тоа ќе биде…
Тони Поповски: За мене ЦИВИЛ останува едно од ретките и примерни здруженија на граѓани кај кои може да се забележи впечатлива конзистентност и упорност во спроведувањето на мисијата за изградба на толерантно, слободно и прогресивно општество кое силата ја црпи во различностите. Линк
Министерството за внатрешни работи досега има уапсено 18 лица поврзани со инцидентите на Денот на албанското знаме, од кои четворица се во притвор, додека за десетина се покренати прекршочни постапки поради „дивеењeто“ на улиците и сообраќајниот хаос којшто настана, информираше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, по денешната билатерална средба со неговиот босански колега Ненад Нешиќ.
