Author: Marija Todorovska
Предлогот на Фискалниот совет да се зголеми старосната граница за пензионирање на 67 години предизвика реакции во јавноста. Од Сојузот на синдикати на Македонија го оценија ваквиот предлог како сериозно загрижувачки и наместо тоа побараа сериозни политики за зголемување на вработувањето на младите и мерки за пристојна работа со почитување на правата од работен однос според меѓународните трудови стандарди. Од Владата, пак, велат дека во овој момент не се размислува за зголемување на старосната граница за пензионирање и дека се прават напори за стабилизирање на состојбата во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.
Американската армија изврши напад во самоодбрана во источниот дел на Сирија, соопшти вчера Пентагон, истакнувајќи оти тоа не е поврзано со актуелното напредување на бунтовниците.
Министерството за внатрешни работи ги потсетува граѓаните дека важноста на возачките дозволи со старото уставно име, согласно со промената на законот за безбедност во сообраќајот, е заклучно со 31.12.2024 година.
„Во однос на барањето на СДСМ, се согласуваме дека треба да има лидерска средба, но прво СДСМ мора искрено да докаже дека е посветена на политички консензус со повлекување на предлогот за законот за бранители“.
Основното јавно обвинителство Скопје повело постапка против 20-годишник кој вчера се обидел да запали албанско знаме.
Скопје: Дваесет и едногодишен жител на кумановското село Орашац починал денеска во Клиничкиот центар во Скопје од тешки повреди по пад од зграда во изградба во Гевгелија.
– Претседателот на Јужна Кореја, Јун Сук-јеол денеска прогласи вонредна состојба со цел да се искоренат „просевернокорејските сили“ и да се одржи уставниот поредок.
По вчерашната блокада на Филозофскиот факултет во Нови Сад, Ректоратот на Белградскиот универзитет, на Филозофскиот, Филолошкиот факултет, Факултетот за драмски уметности и Природно-математичкиот факултет во Белград, денес на блокадите им се приклучија и студентите од Архитектонскиот факултет, Факултетот за физичка хемија и Факултетот за политички науки.
Што се однесува до „Македонија и ЕУ“ или „Рамката и бугарската блокада“, таа тема, освен тука и таму на по некое телевизиско интервју и тоа на водителско прашање, бугарските партиски лидери предизборно, па и постизборно, не ги ни спомнуваат. На темата, нивните ставови се идентични – нема отстапки, нема промена на утврдениот преговарачки формат, посебно не по отстапката што со редизајнираната т.н. Француска рамка ги направи претходниот состав на бугарскиот парламент.
Ерол Ризаов: И покрај ваквата моќ, Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ уште не можат да ги проголтаат големите лаги и заблуди кои ги доведоа на власт, па сега играат „руски рулет“ со националните и државни стратегиски интереси, поточно со иднината на Македонија. Линк
Да се најде системско решение за долгогодишниот проблем во наставата на знаковен јазик за учениците кои се глуви или имаат оштетен слух во единственото средно училиште во земјава за нивна едукација „Партениј Зографски“ во Скопје – укажува Народниот правобранител кој денеска доставил препораки до Министерството за образование и наука. Главната меѓу нив е за вработување во училиштето да биде обврзно познавањето на знаковниот јазик на солидно ниво што ќе овозможи разбирливи предавања за учениците.
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија повикува на итно одржување на лидерска средба со сите парламентарни партии заради настаните од изминатите денови кога се случија сериозни инциденти, со палење на државното знаме, пукање со оружје и поткопување на меѓуетничките односи.
