Author: Marija Todorovska
Поради наноси од снег повисоки од 60 сантиметри, едно лице е заглавено во месноста „Празни торба“ – Црни врв, село Цветово во Општина Студеничани.
Скопје: Бројот на активни претплатници во мобилната телефонија во државава заклучно со вториот квартал годинава изнесува 1 919 695, од кои од резиденцијалните 679 245 се при-пеид претплатници, а 992 157 пост-пеид. Бројот на деловни пост-пеид претплатници изнесува 248 293. Реализирани се 1.409.062.356 минути разговор.
За еден сантиметар е намален водостојот на Преспанското Езеро во споредба со вчера, а за три сантиметри е зголемено нивото на Охридското, додека водостојот на Дојранското Езеро е ист со вчерашниот, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Ријад: Сушата го чини светот повеќе од 300 милијарди долари секоја година, предупредија Обединетите нации денеска во извештај објавен на вториот ден од меѓународните разговори за дезертификација во Саудиска Арабија.
Во организација на СОС Детско Село, на 2ри декември беше организиран настан “Со згрижувачките семејства во борба против насилството“. Настанот беше модериран од експертката за човекови права Елена Кочоска и е дел од глобалната кампања 16 дена активизам против родово – базирано насилство на која присуствуваа заменик министерот за социјална политика, демографија и млади – Велковски, претставничката од министерство за локална самоуправа Митровска, претставничката од министерството за правда Кичеец, како и градоначалниците на општините Гази Баба, Аеродром и Петровец.
Вашингтон: САД ќе и обезбедат на Украина воена помош за одбрана од руски напади во износ од 725 милиони долари, објави американскиот државен секретар Ентони Блинкен.
Четириесет и едногодишен скопјанец е осомничен дека подметнал пожар во просториите на Адвокатската комора на РСМ и на тој начин предизвикал значителна опасност за животот и телото на луѓето и за имотот од поголеми размер. За него е предложена мерка притвор која ќе почне да се применува кога ќе биде пронајден и лишен од слобода, а во меѓувреме по него ќе биде распишана потерница.
Ана Чупеска: Последните настани воопшто не се наивни, и оттука сметаме дека една лидерска средба е неопходна со цел, да упати порака за смиреност и за важноста на мирот и стабилноста. Убедени сме, дека ова не се моменти за дневнополитички поентирања, туку за државничко и максимално одговорно однесување. Линк
Државната комисија за спречување на корупција на денешната седница информира дека примила претставка против актуелната директорка на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева во која е наведено оти не доставувала извештаи за работата на Агенцијата до повеќе тела во државата. Дали наводите на претставката се точни или неточни, ќе треба да пресече претседателката на државата.
Судскиот совет денеска на итна седница ја констатираше неотповикливата оставка на претседателката на Советот Весна Дамевска, која претпладнево во јавно обраќање соопшти дека поради немање слух кај власта за обезбедување брза и ефикасна правда, како и обидите за нарушување на нејзиниот интегритет од страна на високи владини функционери, поднесува неотповиклива оставка од функцијата.
Од Владата оценуваат дека оставката на претседателката на Судскиот совет Весна Дамева е единствената можна и исправна одлука по огромните забелешки за нејзината работа.
