Author: Marija Todorovska

Никица Корубин: Светот е во битка за демократијата, ние практично сме на тоа дали сакаме западна демократија или визави сакаме авторитарни режими, односно друга алтернатива. Ние немаме друга алтернатива освен европските вредности и европската демократија.Линк

Read More

Државниот пазарен инспекторат ќе врши редовни и вонредни надзори за време на викендот, а посебно внимание ќе биде посветено на продажните акции за „Black Friday“ со цел спречување на доведување во заблуда на потрошувачите и примена на измамнички трговски дејства.

Read More

ЦИВИЛ – Центар за слобода остро и недвосмислено ги осудува инцидентите со палење на државното знаме во кои беа инволвирани млади луѓе, вклучително и малолетници, под влијание на опасната националистичка реторика. Овие дела не само што симболизираат деструктивност и непочитување на принципите на соживотот и мултикултурализмот, туку и ја продлабочуваат омразата и поделеноста во нашето општество.

Read More

Народната банка на својата Фејсбук страна објави препораки до граѓаните за безбедно онлајн купување. Оттаму велат дека купувањето преку интернет е лесно и брзо, но дека заштитата на сопствените финансии е од суштинско значење.

Read More

Ивон Величковски: Евроинтеграциите се избор на нацијата и затоа Владата ќе се обидува да ги прекине, обидувајќи се и да се спротивстави на концептот на нацијата. Таа тоа впрочем веќе и го прави. По decoupling-от од Албанија, целта и е Северна Македонија да остане на „листа на чекање“ со Србија, но да не го „фати возот“ заедно со Албанија и Црна Гора. Притоа, да не влијае врз генералниот регионален контекст и да не влијае позитивно врз интеграциите и на Косово и на Босна и Херцеговина. Затоа може да претпоставиме дека инсистирањето на „црвени линии“ и барањето “гаранции“ како вештачки теми…

Read More

Љубчо Георгиевски: Се прави драма од нешто што навистина ниту ја негира Македонија како држава, ниту го негира македонскиот идентитет, ниту пак нешто драматично ќе се случи со влегувањето на шесте народи во Уставот… Јас се согласувам дека начинот на којшто се менаџира таа историска комисија не е баш успешен и треба да го промени својот дневен ред и начинот на водењето. Меѓутоа, тоа и да стане така, тоа не се прави со јавни навреди, јавни фалења „толку е, готово, црвени линии, кои сме ние“, туку се прави на дипломатски начин и се кажува „ние сметаме дека ова и ова…

Read More

Уапсени се засега осум лица кои учествувале во вчерашните инциденти кога по повод прославата на Денот на албанското знаме беше осквернавено македонското знаме. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во изјава за медиумите рече дека четворица од нив се сомничат согласно член 319 од Кривичниот законик за кое кривично дело е предвидена казна затвор од минимум една година.

Read More

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека: „Нема да станеме жртва на билатерализацијата на процесот за членство во Европската унија“

Read More

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека верува оти Доналд Трамп ќе најде решение за мир во Украина и додаде дека Москва е подготвена за дијалог. Самиот Трамп претходно најави кому ќе му ја довери задачата што поскоро да обезбеди мир во војната која трае речиси три години, пишува хрватски Индекс.хр.

Read More