Author: Marija Todorovska
Ана Чупеска: Mислам дека во изминатиот период, оваа власт ги разоткри сите лаги што ги градеше и како опозиција, особено етноцентричната злоупотреба на чувствата на граѓаните. Тоа е многу опасно и го загрозува развојот на демократските процеси. Затоа, убедена сум дека на евентуални предвремени избори, СДСМ нема да биде затечена, а Мицкоски ќе ја добие пораката. Линк
Скопје: Општинскиот фудбалски сојуз на Свети Николе на вонредно собрание одржано синоќа ја поддржа кандидатурата на Масар Омерагиќ за претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).
Анкара: Сибирски студ ја зафати Централна и Источна Турција, каде температурите се спуштија до минус 20 степени Целзиусови, пренесуваат турските медиуми.
Струмица: На местото викано „Страиште“ кај Валандово вчера околу 17:30 часот загина А.Т. (68) од селото Казандол, валандовско, отакако во него удрило товарно возило.
Кинење и сквернавење на македонското знаме беше забележано синоќа за време на прославувањето на Денот на албанското знаме во Скопје.
Приштина: Косовската полиција соопшти дека синоќа пред полноќ дошло до експлозија во Звечан во северно Косово, предизвикана најверојатно од рачна бомба фрлена врз зградата на тамошната општина.
Приватните превозници денеска нема да возат низ скопските улици, но се надеваат дека од понеделник ќе се вклучат во сообраќај. По вчерашната средба со советниците на ВМРО-ДПМНЕ на која беше договорено на вонредна седница на Советот да биде донесена одлука за зголемување на цената за изминат километар од 70 на 100 денари, превозниците изјавија дека се откажуваат од блокадите што претходно ги најавија.
Јавното обвинителство презема дејствија за расчистување на настанот со сквернавењето на македонското знаме на синоќешните прослави за Денот на албанското знаме, информираат од ЈОРСМ.
Единицата за финансиски истраги при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал на МВР во координација со истражителите од истражниот центар на Основното јавно обвинителство за ГОКК вчера поради постоење основани сомненија за сторени кривични дела до ОЈО ГОКК поднела кривична пријава против четири лица и тоа: Ф.Д. (41) и Е.Д. (43) од Штип за сторено кривично дела по член 156 став 3 од Законот за игри на среќа и за забавни игри а во врска со член 22 од КЗ, и по член 273 од КЗ („перење пари и други приноси од казниво дело“), како и против лицата…
Претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески денеска во изјава за медиумите истакна дека ќе го стави на дневен ред на седницата на Советот барањето за зголемување на тарифата за приватните превозници, кога ќе има предлог-одлука од скопската градоначалничка Данела Арсовска.
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација денеска соопшти дека во изминатиот период добива претставки од различни групи граѓани кои се жалат на дискриминација поради недостапноста на јавниот превоз во Скопје.
Новоизбраниот Централен одбор на СДСМ вчера именуваше генерален секретар на партијата, двајца организациони секретари и потпретседатели. Деновиве, од конгресот на СДСМ, и посебно по изборот на новите партиски функционери, ВМРО ДПМНЕ што директно, што преку свои потврдено блиски медиуми врши непримерен притисок во јавноста во обид за оценување на новоизбраните функционери на СДСМ.
