Author: Marija Todorovska
Росоман: СВР Велес попладнево излезе со детали за сообраќајката во која загина едно лице, а три се тешко повредени, на патот од Кавадарци за Росоман, кај росоманското село Рибарци.
Женева: Светската здравствена организација денеска соопшти дека неделава е планирана голема медицинска евакуација од Газа, на повеќе од 100 тешко болни и повредени пациенти кои треба да ја напуштат територијата опустошена од војната.
„Историјата покажа дека се пргави и способни да вметнуваат измамничка содржина и брзо да ја дистрибуираат во клучните моменти на збунетост на публиката“, напиша портпаролот.
Катедра на ромски јазик на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, културни центри во Скопје и во четири други поважни градови, 30.000 граматики, буквари и исто толку речници на ромски јазик, се само дел од барањата што денеска ги соопшти министерот без ресор задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022-2030, Шабан Салиу, по повод Меѓународниот ден на ромскиот јазик.
Во јавното обвинителство во Нови Сад сослушани 48 лица, денес е побарано сослушување уште на петмина
Вишото јавно обвинителство во Нови Сад, во врска со трагедијата на 1 ноември кога се урна бетонска настрешница од зградата на железничката станица во тој град, во изминатите три дена сослуша вкупно 48 лица, а денеска е побарано сослушување на уште пет луѓе.
Брисел: Советот на ЕУ во последна фаза го одобри Законот со кој се регулираат условите под кои постапките за кривични дела покренати во една земја на Унијата може да бидат префрлени во друга членка.
Гласав на денешните Претседателски избори во САД и како и сите Вие очекувам да видам кој ќе победи што значи дека заедно ќе продолжиме да следиме што ќе се случи, истакна денеска во Скопје американската амбасадорка Анџела Агелер.
Скопје: Цените на угостителските услуги во октомври во споредба со септември бележат зголемување од 1,1 процент, а во однос на октомври лани зголемување за 6,1 процент.
Џабир Дерала: Буџетот од 6,5 милијарди евра за 2025 година, рекорден во историјата на земјата, му нуди услови за систематска политичка корупција во сите клучни социоекономски, политички и општествени сектори. Пари нема, но е повеќе од јасно дека ќе ги обезбеди од места каде што никој нема да бара трошењето да биде положено на граѓанска контрола. Линк
Мицкоски е типичен авторитарен властодржец. За него се добредојдени кризни состојби, поларизација и тензии. Етничките тензии и национализмот се основно гориво за ваква власт.
Српскиот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ, денеска поднесе оставка од функцијата поради несреќата на Железничката станица во Нови Сад во која загинаа 14 лица, пренесе Бета.
