Author: Marija Todorovska
Економијата се карактеризира со висок енергетски интензитет со ниска ефикасност во производството и потрошувачката на енергија. Енергетската ефикасност е еден од клучните столбови за постигнување амбициозни национални цели за енергија и клима, се вели во извештајот.
По трет пат е одложено повторното судење по пожарот во тетовската модуларна болница откако на повторно судење го врати Апелацискиот суд Гостивар по јавната седница во април 2024 година, а по првичната пресуда од 5 јуни 2023 година. Денеска рочиштето се одложи поради отсуство на судијата Јордан Велковски, а судијка која го заменуваше го закажа за 15 јануари 2025 година во 10 часот.
Росоман: Едно лице загинало на лице место, а три се тешко повредени во сообраќајка што се случила утрово околу 9 часот кај село Рибарци, на регионалниот пат од Кавадарци кон Росоман. Оваа информација ја потврдија за МИА од Итната медицинска помош во Кавадарци.
Состојбата на тројцата повредени по падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад се уште е сериозна. Поради трагедијата со загинувањето на 14 лица во Нови Сад велерва е најавен масовен протест, јави дописникот на МИА од Белград.
Во предлог-законите за основно и средно образование се отстранети заштитените основи од дискриминација „род“, „родов идентитет“ и „сексуална ориентација“. Мрежата за заштита од дискриминација и Стела изразуваат голема загриженост заради можноста за усвојување на предлог-закони за основно и средно образование кои ќе значат назадување наместо унапредување на заштитата на учениците од дискриминација и насилство во образовниот процес.
Скопје: Гоце Седлоски е нов шеф на стручниот штаб на Вардар.
Вашингтон: Безбедносни барикади, табли на излозите и видливо полициско присуство – главниот град на САД се подготви за претседателските избори, стравувајќи од повторување на насилството што го погоди Вашингтон пред четири години.
– Што точно ќе се случи ако ниту Камала Харис или Доналд Трамп не го постигнат мнозинството од Изборниот колеџ потребно за победа на американските избори? Иако не е многу веројатен, таков исход останува можен, и тоа ќе ги измачи Американците.
Српскиот премиер Милош Вучевиќ денеска изјави дека ќе ја прифати оставката на министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ и додаде дека не се сомнева оти министерот не е субјективно виновен за тоа што се случи во Нови Сад.
По завршување на есенската потрошувачка кошничка на крајот на октомври со која со одлука на Владата беше ограничената профитната маржа на 73 основни прехранбени производи, вчера опозициската СДСМ до Собранието достави Предлог измени за укинување на ДДВ-то од пет на нула проценти за сите основни прехранбени производи.
Итно решавање на сите отворени процеси во кои врз новинари се применува насилство, реформи во регулативата за слеп тужбите и сериозен одговор од Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство на вербалното насилство што се случува сѐ почесто преку онлајн платформите се барањата на Здружението на новинарите на Македонија по повод Меѓународниот ден за ставање крај на неказнивоста за злосторствата против новинарите – 2 ноември.
Нема логика да се организираат предвремени парламентарни избори кога има стабилна влада, а оваа Влада е најстабилна од 90-тите години до сега и има мнозинство од 78 пратеници, кое наскоро ќе надмине и 80, оцени денеска првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити.
