Author: Zoran Ivanov
Киев: Украинската армијa објавува дека руските сили напредуваат во нивната офанзива во североисточниот дел на регионот Харков. Непријателот моментно постигнува тактички успеси, објави украинскиот Генералштаб. Руските сили се обидуваат да се пробијат во тој регион, што предизвика тревога во Киев и кај западните сојузници за потенцијална голема офанзива врз Харков, вториот по големина во Украина, кој се наоѓа на триесет километри од руската граница.
Бранко Тричковски Малата македонска колонија во Аргентина и нашите пријатели од домашното население, се радуваме како деца на неверојатниот феномен: процутот на животот во Македонија само три-четири денови по смената на власта. Јапонската амбасадорка во Буенос Аирес ми вели: Тричковски, ако вака бргу се развивате, за сто дена ќе бидете како Осака кога цветаат црешите. А јас и постарите иселеници се топиме. Како свеќи на погреб. Хулио Мицески дури се понадева дека вмро ќе создаде услови еден ден сите да се вратиме на нашите вековни огништа. И коските да ги оставиме во Татковината. Тие добри вести ме вратија на уште…
Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис го изрази грчкото неодобрување на ставот и постапките на македонската претседателка Гордана Силјановска-Давкова, која се заколна во името на „Македонија“, а не на „Република Северна Македонија“ како што е предвидено со договорот од Преспа. Категорично наведуваме дека нема да прифатиме слични лапсуси. И повторуваме дека секој напредок во билатералните односи, како и секој чекор на Скопје кон Европа, зависи од искреното почитување на договорите. Од правилната употреба на уставното име на соседната држава и, секако, од избегнување предизвици. Провокативниот избор на новата претседателка на Северна Македонија да го прекрши официјалниот текст на заклетвата и да ја…
Анита Ангеловска Бежоска: Во земјава се` уште нема позначителни надолни прилагодувања кај цените на храната. Ако се спореди нивото на цените на храната со предпандемискиот период, тие, рече, се речиси двојно повисоки од нивото на светските цени на храната. Позитивно тоа што согласно меѓународните финансиски институции, се проектира натамошен пад на цените на храната оваа година, а стабилизирање на нивното ниво наредната година, што остава простор за одредени надолни корекции. Кај нас растот на цените на храната почна подоцна од растот на светските цени на храната и се уште не гледаме позначителни надолни прилагодувања кај цените на храната. Таа потсети…
Анита Ангеловска-Бежоска: Постепено забрзување на економскиот и забавување на ценовниот раст, просечна стапка на инфлација од 3,5 отсто и постепено забрзување на кредитната активност во следниот тригодишен период, се проекциите на Народната банка содржани во најновиот Квартален извештај што го презентира денеска гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска. Според проекциите, се предвидуваат стапки на раст на БДП од 2,6 отсто во 2024 година и од 3,6 проценти во 2025-та. Линк
Бугарија не прифаќа изјави и однесувања што се во спротивност со договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година, како и со другите меѓународни договори што ги има потпишано Северна Македонија. Бугарија постојано и јасно го кажува својот став дека договорите мора да се реализираат, наведува во својот став бугарскиот претседател, Румен Радев.
Балканската нација го додаде Северна во своето име со историскиот договор во 2018 година, за да стави крај на долгогодишниот спор со Грција. Партијата на Гордана Сиљановска-Давкова, националистичката ВМРО-ДПМНЕ, се спротивстави на договорот и одбива да го признае новото име на земјата, наведува порталот.
Првата жена претседател на Северна Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова при вчерашната инаугурација ја налути Грција со говорот во кој не го призна новото име на нејзината земја, наведува бриселскиот информативен портал „Еурактив“ во извештајот од церемонијата на полагањето заклетва
Бриселскиот портал Политико во осврт за вчерашната инаугурација на новата претседателка Гордана Сиљановска Давкова коментира дека уште на самиот свечен чин во Собранието со неупотребата на уставното име таа предизвикала расправија со соседна Грција и многубројни реакции од Атина.
Бриселскиот портал Политико во осврт за вчерашната инаугурација на новата претседателка Гордана Сиљановска Давкова коментира дека уште на самиот свечен чин во Собранието со неупотребата на уставното име таа предизвикала расправија со соседна Грција и многубројни реакции од Атина. Новоизбраната националистичка претседателка на Северна Македонија уште пред да положи заклетва во неделата, предизвика дипломатска расправија со соседна Грција, наведува Политико. Политико наведува дека за време на церемонијата на полагање заклетва во Парламентот Сиљановска Давкова, која, како што посочи, е првата жена претседател на младата нација, ја нарекла својата земја Македонија, наместо со нејзиното уставно име Северна Македонија. Амбасадорката на Грција…
Бранко Азески, претседател на СКСМ Завршија двојните избори, седми по ред претседателски и единаесетти по ред парламентарни. Покрај честитките до победниците, посебни честитки за македонскиот народ кој покажа висока демократска зрелост и во голем број, без некои поголеми инциденти, потврди дека припаѓа на друштвото со европски вредности и јасно е определен да истрае на истите. Сѐ на сѐ, кога сѐ добро ќе се заврши не треба и многу да се коментира. Сега е сѐ јасно. Во наредните 10 години економијата како приоритет, градењето правна држава и систем на пазарни вредности како определена цел. Во сите случаи одговорноста и…
