Author: Zoran Ivanov

Бранко Азески, претседател на СКСМ: Во наредните 10 години економијата како приоритет, градењето правна држава и систем на пазарни вредности како определена цел. Во сите случаи одговорноста и имплементацијата се најважните алатки во работењето на сите избрани личности, органи и тела. Тоа го бараше бизнисот. На тоа ќе истрае и јавно ќе критикува секоја појава која не е во согласност со овие постулати. Нашата држава е на сериозен испит, може или не може да опстои како модерен чинител на регионалната и европската сцена. Бидејќи изборите завршија од утре почнуваме со темпото на работа од пред изборите. Првите неколку активности оваа…

Read More

Организацијата Обединета Македонска Дијаспора и` честита на професорката Гордана Силјановска Давкова за нејзината значајна инаугурација  како прва жена претседател на Македонија. Претседателката Силјановска Давкова на историската церемонија го реафирмираше уставното име на нашата Македонија потврдувајќи го основното право на Македонците на самоопределување. ОМД ја поздравува нејзината непоколеблива заложба за зачувување на нашиот национален идентитет и суверенитет, а и „сториската победа“ на претседателката Силјановска Давкова означува ново поглавје во патувањето на Македонија влевајќи надеж и оптимизам за посветла иднина, пишува во ракцијата на невладината органозација ОМД.

Read More

Алабама: Три лица загинаа, а 15 се ранети откако маж отвори оган врз толпа од околу 1.000 луѓе за време на прослава во американската сојузна држава Алабама во саботата по расправија. Несреќата се случила во округот Болдвин, а канцеларијата на окружниот шериф соопшти дека прославата била мирна се додека не избила расправија која довела до пукање на едно лице во толпата. Според архивата за огнено насилство, ова е најновото од 155 масовни престрелки во САД во 2024 година, односно оние во кои најмалку четири лица загинаа или беа повредени, не сметајќи го напаѓачот.

Read More

Македонската ракометна репрезентација вечерва во Скопје ги совлада Фарски Острови со 34:26 и се пласираа на Светското првенство следната година. Разликата од осум голови беше доволна да се анулираат седумте негатива од првиот дуел од барашот за СП одигран во средата на гостински терен кој Фараните го добија со 34:27. За Црвено-жолтите следното првенство во Хрватска и Данска ќе биде деветто светско.

Read More

Јане Ѓорѓиоски Дали новата македонска претседателка Гордана Силјановска Давкова, директно од македонското Собрание, за време на првата реченица што ја изусти во свечената изјава ѝ обезбеди на Македонија уште едно вето од држава членка на Европската Унија? За време на свечената изјава во Собранието, претседателката Силјановска Давкова не го користеше уставното име на државата и на местото Република Северна Македонија, претседателката изговараше – Македонија, по што грчката амбасадорка присутна во собранието ја напушти свечената седница. Пред претседателката беше првиот сериозен предизвик – Ќе ги изневери ли оние 561.001 гласачи и ќе го користи уставното име Република Северна Македонија, или ќе одбере да биде прагматична…

Read More

Зоран Иванов Ѝ почна мандатот претседателски, го заврши говорот, матријахално ги мотивираше жените, ги охрабри демек способните и толку, за блокираните ЕУ интеграции од страна на нејзината матична патрија поддржувач ниту збор па, како почна, како инаугуративно се промовираше, ако вака предизборно продолжи, ако Калето и Брисел бргу не ѝ мавнат по две три заушки во стилот професорке доста беше фолирање, државата не е факултетска катедра, ако и оттаму ѝ премолчат, кажано во оваа една реченица, нашата љубена Татковина, нашата мила Македонија, ќе си продолжи и натаму партиско патриотски да си чмае и да си се препелка во сопствената немоќ…

Read More

Претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен преку објава на социјалната мрежа Икс порача дека почитувањето на Договорот од Преспа е обврзувачки за земјата да го продолжи патот кон Европската Унија.

Read More

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, вели дека е многу разочарувачки што новата претседателка на Северна Македонија, Гордана Силјановска-Давкова, не го употребила уставното име на државата при денешната свечена заклетва.

Read More

Кренар Лога, министерот за правда во техничката Влада во реакција на денешниот говор на претседателката на државата Гордана Силјановска Давкова оценува дека таа не го испочитувала уставното име на државата и оти со тоа нејзината заклетва е ништовна.

Read More

Ние, како партија која скапо го плати својот патриотизам го повикуваме новото раководство на Северна Македонија да се вразуми и да размисли за своите одговорности кон историјата и иднината на нејзиниот народ, напиша на платформата Икс претседателот на СИРИЗА Стефанос Каселакис.

Read More