Author: Zoran Ivanov
Коалицијата Европски фронт предводена од ДУИ денеска соопшти дека со поднесени приговори до ДИК од други политички партии за нерегуларности на избирачки места во изборните единици 5 и 6 и се прави обид да им се одземат два пратенички мандата. Шефот на изборниот штаб на Европски фронт, Арбер Адеми на прес-конференција попладнево рече дека постојат сериозни обиди со политички дил, со политички договор да има изборен инженеринг, да се поткопува демократијата и слободната волја на граѓаните и на легитимитетот“. Другите политички партии врз основа на непринципиелен политички дил и договор и газејќи врз волјата на граѓаните, на оркестриран начин поднеле…
Денеска беше остварена средба помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН. Од страна на ВМРО-ДПМНЕ биле присутни претседателот Христијан Мицкоски, потпретседателите Александар Николоски, Владо Мисајловски, Тимчо Муцунски и Гордана Кочоска Димитриеска, како и шефот на кабинет на претседателот Владимир Нелоски, од страна не ВЛЕН присутни биле Арбен Таравари, Изет Меџити, Биљал Касами и Африм Гаши. Од ВМРО – ДПМНЕ соопштија дека се договорени општите начела на соработка за идната влада, која ќе се базира на три постулати: евроинтеграции, забрзан економски развој, борба против криминалот и корупцијата и владеење на правото. Заклучено е дека двете страни ќе формираат работни групи, на кое ниво ќе…
Се надевам дека оние работи што се слушнаа предизборно, нема постизборно да бидат официјална позиција на новата Влада на Северна Македонија, бидејќи ако се случи ова, ќе имаме проблеми, истакна премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис во интервјуто за грчката телевизија Алфа. Тојобјасни дека и тој како опозиција не се согласуваше со Договорот од Преспа, но сега мора да го почитува во рамките на континуитетот на државата и потенцираше дека истото ќе треба да го стори и новата Влада и посочи дека со загриженост ги следи изјавите на функционерите на ВМРО, но и дека „со голем интерес“ го чека официјалниот став…
Од наша страна, немаме каде да правиме повеќе отстапки. Згора на тоа, позицијата што ја имаме е паневропска позиција. Се надевам дека Северна Македонија ќе ја продолжи својата европска перспектива, изјави вршителот на должноста премиер на Бугарија Димитар Главчев по победата на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска-Давкова на претседателските избори. На нашите пријатели од Северна Македонија мора да им биде јасно дека ако не ги почитуваат барањата за прифаќање членство во ЕУ, тоа нема да функционира, изјави бугарскиот премиер.
Џејмс О` Брајан, помошник на државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашање го честиташе изборот на првата жена претседател на Северна Македонија Гордана Силјановска- Давкова, во соопштение на социјалната мрежа Х. Честитки до Гордана Силјановска-Давкова, досега првата избрана жена за претседател на Северна Македонија. Како сојузници, партнери и пријатели со Северна Македонија со нетрпение очекуваме да работиме на значајни реформи и заеднички цели на патот кон евроатлантската интеграција, напиша О` Брајан.
Генералното собрание на Обединетите нации ги зајакна правата на Палестина во рамките на организацијата и повика таа да биде прифатена како членка. Палестина од 2012 година има статус на земја набљудувач што дозволува некои права помалку од полноправна членка. За членството може да одлучува само Советот за безбедност на ОН. САД неодамна ставија вето на кандидатурата за полноправно членство, но денешното гласање во ООН може да се смета како гест на поддршка за Палестинците. Палестинскиот претседател Махмуд Абас ја поздрави резолуцијата, велејќи дека таа ги поддржува палестинските напори за уште едно гласање за ова прашање од страна на Советот за…
Составот на идната влада е работа на преговори меѓу политичките субјекти коишто добиле мандат, вели премиерот на Техничката влада Талат Џафери. Ќе видиме како, според калкулациите, ќе бидат разговорите меѓу субјектите. Работата на конфигурација на идната влада е работа на преговори меѓу политичките субјекти коишто добиле мандати во Собранието по изборите одржани на 8, мај, така што по ова прашање треба да се очекува резултат од таму, рече Џафери на денешната прес – конференција по повод 100 дена Техничка влада.
Државната изборна комисија ги објави првичните резултати за парламентарните избори, а бројките ги потврдија пресметките на партиските штабови.
Процесот на гласање е таен, а тајноста на гласањето е неприкосновена и заштитена со закон.
Прво, Преспанскиот не е договор туку е спогодба, а при спогодба има компромиси и незадоволства од сите страни што се спогодуваат и кои решиле да најдат решение.
