Author: Zoran Ivanov
Бранко Тричковски: Не од Гоце, не од Даме и од другите манекени на револуцијата, која всушност не била никаква револуција туку била парада на неукоста, тажна карикатура на самата себе која во својот хаос и лудост однела илјадници жртви на македонска страна. Прво се испотепале меѓу себе, второ го тероризирале селскиот народ и на крајот Турците ги ловеле како пеперутки по селските ливади и кории. Само писма, парадни конгреси, мемоари, разделби, судири и- ништо! На крајот, со постојаното засерување на македонската земја, сепак, се родил митот од кој денеска ќе наебеме. Линк
„Мојата Македонија е Македонија која се самоослободува од лагите за себе, од позајмените истории, од поттурените митови. Македонија која се потпира на денешниве луѓе, на слободните луѓе, не на единство туку на диференцијација, на индивидуализмот, не на колективизмот, на културата, на културата на слободата која мора да оди во комбинација со одговорноста, со други зборови-модерна, европска Македонија, интегрирана кон внатре со меѓуетничката солидарност и хармонија и кон надвор во Европската унија и во сите светски структури“ – Тричковски.
11-ти април Претседателски кандидати и денеска на средби со граѓаните по општини и на митинзи во поголемите градски Центри и со медиумски настапи.
Скопје: Два тунела кои требало да бидат употребени за бегство на непознат број затвореници се откриени во најголемиот македонски затвор КПД Идризово.
Државната изборна комисија,ДИК, го утврди изгледот на гласачкото ливче за изборите за претседател на Република Северна Македонија и за изборите за пратеници.
Тирол: Голема снежна лавина затрупа најмалку 18 луѓе, група холандски туристи, во планинското село Вент. Спасувачите досега извлекле пет лица, од кои едно е во животна опасност, а едно загинало.
Ѓорѓи Спасов: И бидејќи сега државата е со изгубена гордост, а нацијата со изгубено достоинство, тие ветуваат дека ако која било од нив стане претседателка на државата, и ако дојде до промена на оваа „ненародна власт“, Македонија ќе станеле повторно горда со Гордана, а нацијата повторно достоинствена со Билјана. Едно е што двете, со невидена надменост, тврдат дека да биле тие на власт и да имале можност тие да преговараат, наместо „неспособните преговарачи од сегашната“, тие нема да го виткале ‘рбетот пред соседите и големите сили и со силни аргументи засновани врз меѓународното право, ќе обезбеделе Македонија да остане горда,…
Дехран Муратов: Денес сме 9 април, Ромите повторно се нарекуваат со погрдни зборови (циган, ѓуптин, ќумбе…), Ромите од денес повторно се најдискриминираните граѓани, чекаат и по цел саат на автобуските станици, сè уште се возат во стари и искршени автобуси, сè уште важи „правилото“ дека Ромите живеат таму кај што завршува асфалтираната улица, сè уште има деца кои, наместо да бидат во училишните клупи, просат низ улиците… Линк
Верниците од исламска веросиповед во земјава и во светот, денеска го слават празникот Рамазан Бајрам кој се смета за еден од петте столбови на исламот и празник за духовно и за телесно прочистување.
Слободанка Јовановска: И, нонстоп ќе се вергла тезата дека прво треба да се средиме дома, па да бараме влез во Унијата, дека прво треба Унијата да стане како што треба па ние достоинствено да влеземе во неа, додека се крие интересот на дел од политичката и бизнис олигархија дека вистинската намера е повторно да се приклучиме на енергетскиот приклучок што води до Русија и до корумпираноста. Со силни вербални еквибрилистрики ќе ни се продаваат политички фатаморгани за подобра и подостоинствена иднина додека се кријат вистинските намери Македонија повторно да стане приватна држава што ќе служи на грст луѓе од црната…
Поминаа само десет дена од кампањата, а тензиите се веќе на ниво невидено досега бидејќи влогот е многу голем, а големата постизборна слика не е јасна сосема СЛОБОДАНКА ЈОВАНОВСКА
