Белград: Тешка сообраќајна несреќа се случи денес во Бањица кога автомобил се судри со група луѓе.
Екипата за итни случаи е на местото на настанот, пренесуваат тамошните медиуми.
Според очевидци, две лица биле заробени под возилото.
Неколку лица се повредени. Според неофицијални информации, возачот починал зад воланот, објавија белградски медиуми.

