Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бектеши на средба во Приштина за косовските царини

0
By Нова ТВ on July 26, 2018 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Доматите, пиперките, јаболката, крушите, сливите и малините, се уште се опфатени со времената одлука на Косово за зголемени царини. Не беа дел од земјоделските култури кои се изземаа со завчерашната, нова одлука на косовските власти, а токму на нив отпаѓа најголемиот дел од македонскиот извоз на косовскиот пазар.

Веднаш и целосно да се укине косовската одлука за зголемените царини, побара вчера по состанокот во Белград министерот за земјоделство Љупчо Николовски. Министерот за економија, пак, Крешник Бектеши, најави средба со својот косовски колега во петок.

– Внимателно, претпазливо заедно со властите на Косово овие неколку дена постојано сме во комуникација. Сметам дека енергијата која ја дадовме до сега вроди со плод. Вчера на Владина седница, Приштина донесе одлука за повлекување на царината од поголем дел од производите. Но, со оглед на тоа дека на сила се мерки за зголемена царина за дел од производи за кои Македонија има извоз во моментов, бараме укинувањето на одлуката да се случи веднаш, истакна Николовски на заедничката прес-конференција по белградскиот состанок на кој присуствуваа и министрите од БиХ и Црна Гора, а домаќин беше српскиот министер за трговија Расим Љајиќ.

Николовски и неговите колеги од регионот го повикаа Косово, не делумно, туку целосно да ја повлече одлуката. Договорија и секоја земја да си го задржи правото да презема свои мерки и политики во функција на заштита на домашното производство. Воедно се согласија да се формира оперативно тело кое ќе работи на ефикасно решавање и укинување на сите трговски бариери во регионот, се до стапување на сила на Додатниот протокол 7 од ЦЕФТА Договорот, кој предвидува механизми за решавање спорови.

Министерот Љајиќ апелира сите членки на ЦЕФТА договорот да работат на укинување и отстранување на трговските бариери спротивни на принципите на слободната трговија.

Времената мерка што ја воведе Косово, стапи во сила на 18 јули и треба да трае три месеци. Се однесува на сите земји кои извезуваат на косовскиот пазар, а предвидува 30 отсто повисоки царини за земјоделските производи.

Штетите од македонска страна по само неколку дена од примената на оваа мерка се бројат во милиони евра зашто извоз на овошје и зеленчук речиси воопшто не се реализира. Стопанствениците апелираат на што поскоро изнаоѓање решение кое ќе биде од интерес на двете страни, но се против воведување контра-мерки зашто тоа, сметаат, ќе и наштети на целата економија. Вчера се огласи и Националната федерација на фармери со став дека косовската одлука, освен што предизвика повеќекратни штети, покажа и дека пласманот на производите е еден од најголемите проблеми на македонското земјоделство.

Косово е ретка земја со која Македонија има суфицит во меѓусебната надворешна размена. Во првите месеци од годинава е реализиран извоз од 100 милиони долари.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025

Затворил 58 мачки и ги мачел – судот во Грција му изрече казна од 1,7 милиони евра

November 12, 2025
ФОКУС

Судењето за „Пулс“ почнува на 19 ноември – институциите бараат почит кон жртвите и фер постапка

ВЕСТИ November 12, 2025

Судењето за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која животот го загубија 63 лица,…

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

November 11, 2025

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025
ТИКЕР

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025

Затворил 58 мачки и ги мачел – судот во Грција му изрече казна од 1,7 милиони евра

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.