Германската влада ги  охрабри Македонија и  Грција  да ги решат сите преостанати прашања што стојат на патот на договорот за решавање на деценискиот спор за името.

Во изјавата објавена  пред средбата на грчкиот министер за надворешни рабори Никос Коѕијас со неговиот германски колега, Хајко Маас, портпаролката на германското Министерство за надворешни работи, Марија Адебахр, ги повика Атина и Скопје да ја искористат “историската можност” за договор кој ќе има “позитивен ефект врз билатералните односи, како и врз регионалната стабилност”.

Адебахр рече дека двајцата министри за надворешни работи треба да разговараат за билатералните односи и акциониот план потпишан помеѓу двете земји во 2016 година, но исто така и меѓународните прашања како што се тековните разговори за името кои се водат со посредство на Обединетите нации.

По средбата во Брисел двајцата министри за надворешни работи Димитров и Коѕијас рекоа дека разговорите на ниво  на министри за надворешни работи се завршени и дека договорот зависи од премиерите на двете земји кои ќе имаат телефонски разговор кон крајот на неделава.