Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Без политичка волја – нема реформи во администрацијата

0
By Нова ТВ on April 24, 2018 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Без силна политичка волја, нема професионална администрација. Оваа порака испорачана  во новиот Извештај на Европската комисја е упатен во пакет со препораката за зголемување на капацитетот на Министерството за информатичко општество, наделжно за администрацијата,  пишува неделната економска анализа на Portalb.mk.

Јасно е дека реформите и квалитативните промени во јавниот сектор нема да се случат ниту брзо ниту лесно, но охрабрува податокот дека конечно се воспоставува механизам за точно пребројување на административците, активирање на 1 600 те  вработени по Рамковен договор и обелоденување на податоците за привремените вработувања.

Етнички крвоток на администрацијата

Образованието и здравството предничат по бројот на институции,  односно од       1 299 државни институции дури 543 се од областа на образование, 117 од здравството, 115 од културата 113 од управата , 111 од областа на комуналните дејности. Во новообјавениот  “Годишен извештај од Регистерот на вработените во јавниот сектор“ се наведува дека дури 59,6% од јавните  институции се формирани од општините и Градот Скопје, пришто по град Скопје, според бројот на формирани институции се и Куманово, Битола, Тетово, Прилеп, Охрид и Струга, Гостивар и Струмица.

На ниво на државата, во целиот јавен сектор, според најновите податоци од Регистерот, се вработени 128,722 луѓе, од нив преку Агенциите за привремени вработувања во институциите на јавниот сектор, работно ангажирани се вкупно 1 624 лица и истите немаат статус на вработени во јавниот сектор. Додека институциите ја пребројуваат администрацијата, но се менуваат и законски решенија за професионализација и департизација, официјален Брисел и во новиот Извештај за напредокот на Македонија, кој ни донесе безусловена препорака за почеток на преговори за членство, ни упати препораки за непоходни реформи во администрацијата.

“Направен е прогрес со усвојување на стратегијата за реформа на јавната администрација и јавниот финансиски менаџмент. Направени се конкретни чекори кон зголемување на транспарентноста во носењето на одлуките, пишува во извештајот. Неопходно е зголемување на капацитетот на Министерството за информатичко општество и администрација за да може успешно да ги спроведе реформите на јавната администрација. Клучно е да има силна политичка волја за професионализација на јавната администрација, особено при назначување на повисоките управувачки позиции и почитување на принципите на транспарентност, согласно мерит ситемот, и почитување на процедурите при нивното назначување. Неопходна е и натамошна обука на администрацијата за поуспешно имплементирање на административните процедури“ – се наведува меѓудругото, во извештајот на ЕК.

Во оваа фаза, сеуште се прават напори за точно евидентирање на борјот на вработени но и нивните позиции според систематизацијата.

“Тоа што сакам да го  потенцирам е дека активно работиме на конечно решавање на овој проблем. Со таа цел, како што знаете, променивме 4 закони (Законот за Управа за јавни приходи, Законот за даночна постапка, Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување и Законот за вработени во јавниот сектор). Ова резултираше со значително зголемување на внес на податоци во Регистарот. Само за илустрација, во декември 2017 година имало 15.533 организациони единици (сектори, одделенија), додека во март 2018 година нивниот број е 37.615“ – изјави неодамна министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски.

Дел од аналитичарите сметаат дека се додека административците се третираат како партиска машинерија за гласање, не можеме да зборуваме за профессионален државен апарат.

“Деполитизацијата на администрацијата и нивната професионализација, ценам дека ќе дојде до израз кога таа администрација ќе се намали, како борјка, а од друга страна нема да се користи како машинерија за гласање. Она што е важно во исто време ќе обезбеди натпревар на знаења и искуство наместо партиска послушност“ – вели за “Порталб“ политичкиот аналитичар Алберт Хани.

Според бројот на вработени предничи образованието,  кое опфаќа 32% од вкупниот број вработени во јавниот сектор, следува здравството со 18% а на трето место е државната управа со 15%. Во локалната власт вработени се 5 проценти од вкупниот број административци.  Откако во мај 2016 година се направија законски измени, сега сите вработувања во јавниот сектор мора да се во согласност со планот за вработување на секоја институција но и со правото на правична застапеност.

Во 2017 година, како што објави “Порталб“, 75,3% од вработените во јавниот сектор биле Македонци, 19,3% Албанци, 1,8% се Турци, 1,1% се Роми, додека остатокот отпаѓа на други етникуми. Анализирано според видот на инаституцијата, најголем процент на Албанци, 84,51% се во Секретаријат во Владата, потоа 40,63% се вработени во институцијата Народен правобранител, во Собрание 26,10% а  во министерствата 20,32% од вработените се етнички Албанци,  Најмала застепеност на Албанците има во Служба на Влада, Судски совет и Уставен суд.

Кај регулаторните тела, најголема застапеност на вработени од албанскиот етникум има во Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување, Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Агенција за цивилно воздухопловство, додека  во Комисија за хартии од вредност,  Регулаторна комисија за домување и Агенција за регулирање на железничкиот сектор процентот на вработени Албанци изнесува нула.  Прремиерот Зоран Заев овој месец најави засилени реформи во администрацијата со став дека продуктивноста во државниот сектор е катастрофална.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025

Затворил 58 мачки и ги мачел – судот во Грција му изрече казна од 1,7 милиони евра

November 12, 2025

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025
ФОКУС

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

ВЕСТИ November 11, 2025

На само четири дена пред почетокот на судскиот процес, родителите на младите кои трагично ги…

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025
ТИКЕР

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025

Затворил 58 мачки и ги мачел – судот во Грција му изрече казна од 1,7 милиони евра

November 12, 2025

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.