Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бизнис форум: Бизнисмените од Македонија и Грција го „скршија мразот“

0
By Нова ТВ on November 30, 2018 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Фото: МИА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонија и Грција денеска отворија ново поглавје во воспоставувањето економски и деловен дијалог и за првпат по многу години, откако еднаш пред четири години беше одложен, денеска се одржа бизнис форум во Атина, што воедно е во рамките на мерките за градење доверба и поддржан од Министерствата за надворешни работи на двете земји, јави МИА од Атина.

На форумот што се одржа во канцелариите на грчката трговско- индустриска комора во Атина, учествуваа над 40 бизнис компании од двете земји во организација на Стопанските комори на Македонија и Грција.

Даниела Михајловска – Василевска од Стопанската комора на Македонија, Хилда Колевска, директорката за економска дипломатија во Министерството за надворешни работи на Македонија и Емилија Ѓурова, комерцијален менаџер на фирма од Гевгелија,  по завршувањето на форумот на кој компаниите имаа можност да одржат и директни (В2В) средби, во разговор со дописничката на МИА од Атина, велат дека се задоволни од состанокот и разговорите, но и дека ова било одличен почеток за развивање на деловната соработка.

-Нашите ставови се дека ваквиот форум е неминовност и дека ова треба да биде почеток на воспоставување на многу посериозни бизнис релации помѓу двете земји, особено ако се има во предвид фактот дека Грција во првите девет месеци од годинава, покажува дека е на второто место како трговски партнер на Република Македонија, ако се има предвид фактот дека се остварени 748 милиони американски долари за девет месеци и раст од 25 отсто на вкупниот обем на трговска размена меѓу двете земји и е еден од клучните сигнали што покажуваат дека треба да се работи на интензивирање во воспоставувањето на деловни релации помеѓу компаниите од двете земји, вели претставничката на Стопанската комора на Македонија, Даниела Михајловска-Василевска во разговор со дописничката на МИА од Атина.

Таа додава дека постојат повеќе сегменти што се особено значајни за разививање на соработката на двете земји. Еден од нив е Договорот од Преспа што ќе донесе решение на политичо ниво, кое треба и коморите да го следат и да ја развиваат соработката. Како друг сегмент, Михајловска-Василевска ги споменува и грчите компании, над 100, кои со грчки каппитал веќе работат во Македонија и се веќе препознаени како инвеститори. Но и географската близина, инфраструктурната поврзаност и воспоставените деловни врски помеѓу компаниите од двете земји.

-Ако се земат предвид сите овие работи, сметаме дека треба да се прати порака од овој бизнис форум дека ваквите бизнис форуми треба да бидат континуитет во следниот период и да го поддржат процесот на развивање на меѓусебната деловна соработка, вели Михајловска-Василевска од Стопанската комора.

Објаснува дека компаниите од двете земји во изминатиот период активно работеле на развивање на деловните врски, а потврда за тоа е што Стопанската комора на Македонија со Асоцијацијата на балканските комори и во минатото имаат организирано деловни средби и бизнис форуми како оној во Солун во 2003 година.

-Она што е исто така важно е дека Стопанската комора на Македонија стана партнер на Атинската комора за трговија и индустрија во рамките на БАЛКАН МЕД програмата. Тоа е проект што ќе се рализира во период од 24 месеци и идејата е да се стави акцент на поддршка на капацитетот на малите и средни претпријатија да растат на регионални, национални и меѓународни пазари со вклучување на иновативни компоненти и поддршка на оние брзо растечки компании или препознатливи во светот како „газели”, објаснува претставничката од стопанската комора на Македонија.

Вториот бизнис форум како продолжение на денешниот, планирано е да се одржи во Скопје.

Бизнис форумот резултат на мерките за градење доверба меѓу двете земји

Директорката за економска дипломатија во македонското МНР, Хилда Колевска, во разговор со дописничката на МИА од Атина вели дека, бизнис форумот е една од мерките за градење довеба меѓу Македонија и Грција.

-Самиот факт што се одржа бизнис форумот сметам дека е многу позитивен, покажува дека има зголемена доверба и дека има политичка волја на двете страни за соработка меѓу државите. Позитивно е тоа што се одржа во Атина, бидејќи нашата економска соработка со Грција и од аспект на трговија и од аспект на инвестивции, која што е наш значаен трговски партнер, главно е концентрирана во Северна Грција и ова дава можност да се запознаеме со капацитетот на јужниот дел на Грција, на Атина и да воспоставиме и со тој дел поголема соработка, вели директорката за економска дипломатија од нашето МНР и додава дека соработката треба да се гледа и во поширокиот регион на Балканот.

Во однос на следните планови, Колевска вели дека се планира отворање нови гранични премини, реконструкција на посотоечкит гранични премини “за да се зголеми слободното движење и на бизнисот и на луѓето”. А она што е важно, особено за грчките компании кај нас е потпишувањето на договорот за избегнување на двојно оданочување кое, исто така, е еден од следните планови.

-Следната задача која ја имаме ние како влади е да се да се оформи законската рамка и би требало да се потпишат и двата договор кои се основни за бизнисот, а тоа е договорот за избегнување на двојно оданочување и договорот за заштита на инвестиции, кои поради проблемот со името не беа потпишани. Тие можеби не се пресудни за склучувње на зделки, но во секој случај се охрабрување за да се стапи во контакт и ќе бидат олеснување, објаснува за МИА, Хилда Колевска, директорката за економска дипломатија во Министерството за надворешни работи на Македонија.

На денешниот бизнис форум во Атина учествуваа над 40 компании од двете земји кои одржа и В2В разговри.

-Преку В2В средбите, компаниите се запознаваат и ги воспоставуваат првичните директни контакти, а од овие средби треба да следат следните чекори, а тоа е продолжување на комуникацијата која што треба да резултура со некои конкретни договори, вели Михајловска-Василевска и додава дека тоа ќе се случува во следниот период, а оти тие како комора добиваат повратни информации дали се реализираат бизнис зделките.

 

Бизнис форум Атина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
ФОКУС

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 12, 2025

Поради корупциски скандал во енергетскиот сектор, министрите за правда и енергетика на Украина поднесоа оставки…

Судењето за „Пулс“ почнува на 19 ноември – институциите бараат почит кон жртвите и фер постапка

November 12, 2025

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

November 11, 2025

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.