Новинарот Зоран Божиновски – Буревесник, кој вчера беше уапсен во Нови Сад, синоќа бил екстрадиран во Македонија.

Како што пренесува Мета, неофицијално, Божиновски бил префрлен во Истражниот затвор во Шутка, а понатамошната постапка против него ќе ја спроведува Министерството за правда.

Божиновски вчера беше уапсен во Нови Сад по налог на српското Министерство за правда по меѓународната потерница која беше распишана против него во ноември 2013 година, како осомничен во случајот „Шпион“.

Божиновски во неколку наврати тврдеше дека ова е монтиран случај бидејќи меѓу другото, на власта не и одговарале неговите новинарски написи.

Веста за неговото екстрадирање синоќа на социјалната мрежа Фејсбук ја објавија и од негово семејство.

semejstvoto na Burevesnik