Либерти, компанија во британска сопственост и дел од глобалната Алијанса ГФГ на Санџив Гупта, ја откупи железарницата во Скопје од досегашниот сопственик Арцелор Митал.
Компанијата Либерти објави условен договор за купување четири фабрики за челик во Европа во кои ќе се вработат повеќе од 12.500 Либерти од Акцелор Митал ги откупи железарниците во Галац во Романија и во Острава во Република Чешка, заедно со фабриките за валање во Скопје во Македонија и Пјомбино во Италија.
Договорот треба да го одобри Европската комисија и другите локални релевантни институции. Либерти работи како снабдувач со челик и алуминиум на автомобилскиот сектор, секторот на авиоинженериг и секторот на специјалистички инженеринг, а во Австралија врши снабдување со челик за градежништвото и инфраструктурата.
Исто така, Групацијата произведува челик во САД за автомобилскиот сектор . Четирите постројки во пакетот имаат комбиниран капацитет за валање од околу 8 милиони тони годишно, и благодарение на тоа, Либерти ќе може да врши снабдување со целосен спектар на готови челични производи вклучувајќи: плочи, топло валан калем, ладно валан калем, поцинкуван лим, калајни плочи, прачки, жичени прачки и шини.
Постројките ги опслужуваат домашните пазари и пошироките европски пазари, вклучувајќи ги автомобилскиот сектор, градежниот сектор, секторот на индустриска машинерија и секторите за нафта и гас.
Компанијата Либерти најави дека има за цел да постигне поголема конкурентност преку производство со минимално испуштање стакленички гасови. Покрај тоа, Либерти и пошироката Групација ГФГ имаат цел да развијат блиски работни односи со соодветните влади, синдикати и други локални заинтересирани страни со цел да ја оптимизираат вредноста на активата на челик за регионалните и националните економии.
„Чест ми е да ја најавам оваа исклучително вредна трансакција, нашата најголема референтна точка до денес. Наеднаш овие аквизиции речиси ќе го удвојат обемот на нашата работна сила и глобалниот производен капацитет, давајќи ни големо присуство во срцето на клучните производни региони во Европа. Имаме намера да работиме со локални партнери за да се позиционираме цврсто во рамките на домашните синџири за снабдување на овие брзорастечки национални економии и да станеме клучен дел од просперитетниот европски индустриски сектор. Станува збор за висококвалитетни фабрики со висококвалификувани работници на кои со нетрпение чекаме да им посакаме добредојде во Алијансата ГФГ“ изјави извршниот директор на Алијансата ГФГ, Санџив Гупта

