Кардиналите се молат пред изборот на новиот папа

Кардиналите на Романско-Католичката црква денеска се молеа за да добијат духовни насоки пред да започне зад затворени врати конклавата за избор на нов папа, во еден од најтешките периоди во историјата на оваа Црква

Карзаи ги критикува САД за сеење страв

Авганистанскиот претседател Карзаи излезе со обвинување до САД и Талибанците, велејќи дека тие се виновни за сеење страв за Авганистан по 2014 година. Карзаи ја откажал планираната прес-конференција со американскиот секретар за одбрана Чак Хејгел

Косор: Ме уценуваат со непостоечко порно видео

Поранешната хрватска премиерка Јадранка Косор која беше исклучена од матичната партија ХДЗ, во интервју за Јутарњи лист вели дека е прислушкувана и уценувана со порно видео, кое всушност е непостоечко

Ресторанот Нома се извини по труењето

Нома ресторанот во Копенхаген, кој важи за најдобар во светот веќе 3 години, беше принуден да се извини откако беше објавено дека повеќе од 60 луѓе имале труење со храна во февруари, во период од 5 дена. Албанецот со македонско потекло Рене Реџепи е човекот кој е заслужен за признанијата на Нома, како шеф на овој врвен ресторан

Виенската филхармонија со нацистичко минато

Легендарната виенска филхармонија треба да објави детали од својата историја за време на нацистичката ера, како одговор на обвинувањата на прикривање дека служела како пропаганден инструмент во 1939 г.

Венецуела: Мадуро е фаворит за претседател

Претседателските избори во Венецуела за да го заменат починатиот венецуелски лидер Хуго Чавез, ќе се одржат на 14 април. Мадуро е фаворит, човекот кој и самиот Чавез го прогласи за свој наследник

Самарас: Грција повеќе нема да штеди

Претставниците од „тројката“ кредитори, Европската Унија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд, во Атина ги следат чекорите кои ги презема Грција

Екс-новинарката на ХТВ Дијана Чуљак во притвор

Познатата екс- новинарка на ХТВ Дијана Чуљак беше уапсена минатата ноќ во пред својот дом во центарот на Загреб, во друштво со својот партнер, поранешниот полициски директор Оливер Грбиќ, пишува Јутарњи лист