Редица инциденти во Косово

Непознати лица фрлиле молотови коктели врз зградата на општината во Косовска Митровица, при што е направена мала материјална штета на зградата на општината.

Франција и Африка бараат помош за Мали

Француските и африканските лидери ги повикаа светските сили да обезбедат помош и логистичка поддршка во борбите во Мали. Коалицијата на исламистичките милитанти го контролира северот на земјата.

Тимошенко обвинета за убиство

Украинскиот јавен обвинител ја обвини поранешната премиерка на Украина, Јулија Тимошенко, дека го нарачала убиството на нејзиниот бизнис ривал пред 16 години.

Армстронг бара втора шанса

Американскиот велосипедист кој во интервју пред два дена го призна допингот, во второ интервју кај Опра изјави дека би сакал повторно да се натпреварува.

Фатално спасување на заложниците

Алжирските безбедносни сили упаднаа во пустински комплекс за гас со цел да ослободат стотици заложници. Во акцијата загинаа 30 од заложниците, меѓу кои има и западни државјани, како и најмалку 11 од нивните киднапери.

Боинг најголем произведувач на авиони

Европскиот произведувач на авиони Ербас ја загуби во 2012-та година титулата водечки светски произведувач, која му ја презеде американскиот конкурент Боинг, и покрај тоа што резултатите на Ербас ги надминаа очекувањата.

Армстронг призна дека се допингувал

Човекот кој што суверено го чуваше епитетот „најдобар на сите времиња“, во интервјуто кое го даде на шоуто на Опра Винфри, официјално призна дека во текот на кариерата користел недозволени средства.