Уште двете лаборатории од Скопје и Гостивар земале брисеви за Ковид без дозвола

Од ресорното министерство не ги соопштуваат имињата на двете лаборатории, но потврдија дека од дополонителните согледувања  ќе утврдуваат дали ќе им биде одземена дозволата за работа

ДСЗИ: Пунктот за земање на брисеви за Ковид во Струмица се затвора и ќе се дислоцира

Државниот санитарен и здравствен инспекторат подготвува решение со кое ќе им се наложи на ЦЈЗ, пунктот веднаш да престане со работа и итно да бараат нов простор во склоп на јавна здравствена установа за да нема застој во земањето на брисеви

Пунктот за брисеви за Ковид во станбена зграда во Струмица-соседите бараат да се дислоцира

Станарите од зградата и околните куќи, како и таксиститите кои се лоцирани тука реагираат бидејќи надор секојдневно чекаат луѓе за брисеви кои се потенцијални носители на вирусот. Особено што доаѓаат и пациенти за контролни брисеви, кои се позитивни на вирусот

Ќе застане ли државата на патот на „напумпаните“ цени за тестови за Ковид

Тест за Ковид, направен во Германија изнесува 18,74 евра или 1.152 денари. Толку е и набавната цена која реално се движи околу 20 до 25 евра, некаде и помалку. Во нашата држава ПСР тестовите се движат од 3950 за тест кој ќе биде готов за 48 часа, до 12 000, а некаде и над 14 000 денари за брз тест изработен за 8 часа

Три лаборатории неовластено земале брисеви -„Ели медика“работела за потребите на Систина

Освен астрономско високите цени, се поставува прашањето дали самата лабораторија ги врши тестирањата, ако тоа го прават во Систина, кој им дал дозвола да ангажираат помала лабораторија за да земаат брисеви за нив. Доколку приватните болници генерано ангажираат помали лаборатории да работат за нив, се поставува и прашањето за точноста на резултатите, кој ги обучил техничарите да земаат брисеви и како се спроведува транспортот

Кој профитира од тестовите за Ковид

Пандемијата со коринавирусот на многу приватни болници и лаборатории им овозможи да профитираат многу брзо. Државата не направи единствени цени за сите лаборатории и сега „блештат“ реклами кој од нив каква цена ќе понуди

Мајката на момчето што почина чекајќи ново срце: Спасете ги другите што живеат на батерии

Пумпите кои им се вградени се само преодна фаза до трансплантација на срце. Никој не знае колку е векот на траење на новите пумпи. Првата пумпа која беше вградена во Германија кај пациент од Македонија не издржа. Нејзиниот рок на траење беше пет години, а кај 31 годишниот Кристијан Неделковски кој почина на 22 јуни годинава, беше вградена цели осум години.

Млада пациентка во тешка здравствена состојба-кој ја кочи набавката на неопходниот лек

Кој ја кочи набавката на неопходниот лек за 21 годишната Флора Гаши и за уште двајца млади пациенти кои имаат редок тип на прогредирачка форма на Цистична фиброза, со мутација. Флора е хоспитализирана во тешка состојба, одвај дише и искашлува крв. Дали треба да се случи некој да почине, за надлежните да го набават лекот

Бебе кое починало пред пет години се води дека е живо – добило покана за во школо

Новороденче кое починало четири дена по неговото раѓање во 2015 година се уште се води дека е живо во Управата за водење на матични книги. Семејството Стојаноски од Прилеп е во шок откога добиле Покана за да го запишат нивното починато бебе на училиште во прво одделение, а претходно добивале и покани за вакцинација