Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЦИВИЛ домаќин на меѓународен онлајн настан „Четири години агресија: Отпорот на Украина и одговорноста на светот“

0
By Zoran Ivanov on February 22, 2026 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, February 22, 2026 21:41

На 24 февруари 2026 година, вторник, со почеток во 17 часот, четири години по започнувањето на целосната воена агресија на Русија врз Украина, ЦИВИЛ – Центар за слобода ќе организира меѓународна онлајн конференција со наслов Четири години агресија: Отпорот на Украина и одговорноста на светот, која ќе обедини аналитичари, новинари, дипломати, носители на политики и претставници на граѓанското општество од Европа и пошироко.

Конференцијата ќе се емитува на живо на Јутуб каналот на ЦИВИЛ, како и на Фејсбук страницата на организацијата. Во текот на конференцијата, заеинтересираните ќе имаат можност да коментираат или да поставуваат прашања за учесниците онлајн, во коментари или пораки на ФБ или Јутуб.

Организацијата-домаќини на настанот е ЦИВИЛ, а програмата ќе ја водат поранешниот британски пратеник и директор на Вестминстерската алијанса за Украина, Роџер Касале, претседателот на Медиа Диалог од Германија, д-р Волфганг Ресман и претседателот на ЦИВИЛ – Центар за слобода, Џабир Дерала.

На конференцијата ќе говорат експерти, медиумски професионалци, дипломати и претставници на граѓанското општество од Украина, Германија, Велика Британија, Италија, Франција, Литванија, САД, и Северна Македонија.

По претходно барање, претставник на ЦИВИЛ ќе биде на располагање пред седиштето на ЦИВИЛ за изјави за медиумите од 12 до 13 часот в понеделник, 23 февруари.

Конференцијата се одржува во рамките на Глобалната иницијатива за одбрана на демократијата (DDGI), како дел од нејзината водечка програма Вестминстерска алијанса за Украина (Westminster Alliance for Ukraine WA4U), и е координирана од ЦИВИЛ – Центар за слобода. Независната медиумска платформа на ЦИВИЛ ќе го организира и пренесува настанот во живо, обезбедувајќи отворен меѓународен пристап и континуирана јавна вклученост пред и по конференцијата.

Иницијативата се реализира во соработка со European Youth4Media Network / Media Dialogue и New European People’s Forum (Германија), Jean Monnet Association (Франција) и Centro Studi Internazionali (Италија). Организаторите изразуваат благодарност до Украинско-британскиот бизнис совет за поддршката во промоцијата на настанот.

 Линк

 

конференција Украина Цивил
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 9, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

ВЕСТИ May 9, 2026

Ден на Европа оваа година се слави под слоганот „Наша Европа. Посилни заедно“.

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

May 8, 2026

Објавена мапа на американските напади врз Иран

May 8, 2026

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

May 7, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.