Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дејвид Лабан за ВОА: Прислушуваа и сами се фатија

0
By Нова ТВ on October 6, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, October 6, 2016 22:16

Претседателот на Асоцијацијата на обвинители во Вашингтон порача СЈО да не се откажува во спороведување на истрагите, кои произлегуваат од прислушуваните материјали, јавува Глас на Америка на македонски. http://mk.voanews.com/a/sjo-investigations-macedonia/3539553.html

Не се откажувајте, секогаш работете за вистинското добро, за вистинската личност и поради вистинска причина, и` порача на специјалната обвинителка Катица Јанева претседателот на Асоцијацијата на обвинители во Вашингтон Дејвид Лабан.

Вели дека треба да се исполнат три услови Специјалното обвинителство да работи ефективно – независност, буџет и екипираност.

„За обвинителите на САД е вистинско освежување да ги видат македонските специјални обвинители и луѓето кои јавно им изразуваат поддршка – порачувајќи „ова е тоа што ни требаше“. Ова е важно бидејќи специјалната обвинителка не оди надвор, со оружје в раце, туку е поставена за да види кој што направил, зошто го направил тоа и дали тоа може ли да се докаже на суд“, изјави тој за Гласот на Америка.

Случајот со прислушуваните материјали за Лабан е исклучителна реткост.

„Да потрошите 50 милиони долари јавни пари за да отидете во Израел и да купите опрема, да прислушувате 20 илјади луѓе, и на крај сите информации да излезат токму од сопственото прислушување, е вистинска иронија. Во суштина тие се фатија себе си`, рече Лабан.

Тој смета дека формирањето на Специјалното обвинителство е само прв чекор во негово разрешување. Следно, додека следно е формирање на Специјален суд за спроведување на истрагите.

„Ако има јавен суд на кој може да му се верува, тоа е сепак подобар начин, бидејќи тајните или специјалните судови, кои се надвор од редовниот судски систем, некогаш можат да доведат уште повеќе да се намали довербата на граѓаните во Владата. Целта е токму спротивното“, објаснува тој.

Но, прашањето е, вели тој, дали Македонија има суд кој може да води случаи како овие и на кој може да му се верува, особено затоа што се работи за криминал.

Лабан посочува на важноста на врската меѓу СЈО и јавниот обвинител.

„Преку таа професионална врска се обезбедуваат сите документи и информации. На пример, во американскиот систем, специјалниот обвинител има пристап до механизмите достапни преку ФБИ и други гранки на владата на САД“, открива тој.

Убеден е дека ако истрагите не утврдат одговорност, ќе се закочи и евроатлантската интеграција на Македонија.

„Кога има високо ниво на политичка корупција, многу е тешко да се каже дали оваа држава заслужува да биде дел од нешто, како што е ЕУ“, вели Лабан.

Додаде дека е изненаден од одлуката за помилување на претседателот Ѓорге Иванов, нарекувајќи ја „неверојатна“, оти како што вели тој, секаде во светот помилувањата се случуваат откако ќе се донесат пресуди, а не перспективно, без да се знае дали некој направил нешто и што е тоа.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ле Монд: Париз формира специјален тим истражители за да ги испита врските на Епстин со француски граѓани

February 15, 2026

Пукање во американски кампус во Јужна Каролина – две лица убиени

February 13, 2026

Курти: Просечна плата во косово од 1.000 евра!

February 13, 2026

Министер во кабинетот на Трамп: Порано шмркав кокаин дури и од тоалетната школка

February 13, 2026

Сеул тврди дека Ким Јонг Ун ја назначил ќерка му за негова наследничка

February 12, 2026
ФОКУС
February 14, 2026

Минхен: САД и Европа се поврзани но партнерството мора да се прилагоди

ВЕСТИ February 14, 2026

Американскиот државен секретар Марко Рубио рече дека судбините на САД и Европа се „поврзани“, во…

Јотова: Северна Македонија лобира да го заобиколи првиот кластер но да не се лаже дека постои полесен пат до ЕУ

February 14, 2026

Кос: Во следното проширување на ЕУ нема да дозволиме да влезат „Тројански коњи“

February 14, 2026

Левица: Падна една недопирлива – победи јавниот притисок за Цвета Ристовска

February 13, 2026
ТИКЕР

Ле Монд: Париз формира специјален тим истражители за да ги испита врските на Епстин со француски граѓани

February 15, 2026

Пукање во американски кампус во Јужна Каролина – две лица убиени

February 13, 2026

Курти: Просечна плата во косово од 1.000 евра!

February 13, 2026

Министер во кабинетот на Трамп: Порано шмркав кокаин дури и од тоалетната школка

February 13, 2026

Сеул тврди дека Ким Јонг Ун ја назначил ќерка му за негова наследничка

February 12, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.