Денеска се одбележуваат 24 години од формирањето на АРМ. Централната прослава ќе се одржи на платото пред Министерството за одбрана на која ќе говорат претседателот Ѓорге Иванов и министерот за одбрана Зоран Јолевски.

Како што соопшти кабинетот на Претседателот, по повод Денот на Армијата на Република Македонија, претседателот Иванов ќе ги одликува со Орден за воени заслуги Баталјонот на воената полиција и Инженерискиот баталјон при Армијата на Република Македонија, што се доделува за исклучителен придонес и поддршка во зачувувањето на суверенитетот, независноста и територијалниот интегритет на Република Македонија, како и за зацврстувањето на националната безбедност и сигурност на македонските граѓани, особено во справувањето со бегалската криза како глобален безбедносен предизвик, се наведува во соопштението.

Синоќа се одржа традиционалната почесна артилериска стрелба со истрелување на десет плотуни од артилериски орудија на артилерискиот баталјон на АРМ во касарната „Илинден“.

Оваа година, Денот на АРМ се одбележува симболично поради трагичните настани со поплавите во скопскиот регион.