Џабир Дерала од ЦИВИЛ во 24 анализа рече дека новата македонска власт не може да го испорача она што го вети пред изборите. Според него, стапките по кои чекори Владата не покажуваат дека сакаат Македонија да биде дел од ЕУ.
Едноставно оваа власт, тие знаат дека не може да го испорачаат тоа што го ветија, ако се анализираа наративите во предизборието ќе знаевме дека нема да мрднеме во евроинтеграциите и јасно е дека нема да мрднеме. Ова во ОН што се случи ви кажува дека кога е пресудно ќе послушаат друг а не она што го кажале. Кога зборуваме за ЕУ велат да, но не под диктат на Бугарија тоа кажува дека наративот предизборен и оној пред Брисел се едно а постапките се друго и нема да одиме кон ЕУ. Европа ни дава грантови, тоа се пари кои не мора да ги вратите додека од Кина ги земате како кредит, рече Дерала.
Тој зборуваше и за тоа дека соработката со Унгарија и Турција нема да ја промени економската состојба кај нас.
Не можеме да очекуваме напредок врз основа на два меморандуми, нема да има поголема економска соработка од таа што постои може да се намалува во однос на глобалните случувања. На ова ново нормално гледам уште две три недели добра ПР приказна која ќе се распрсне како сапуница. Ќе има и црвени ленти кои ќе сечат ќе видите дека нема голема разлика. Унгарија е во неволја во однос на Брисел бидејќи не испочитува многу одредби и Туција си има свои проблеми, додаде Дерала.

